Кој е вашиот парфем за забава?

Дали повеќе сакате да одите во клубови или на гала-вечери? Дали имате мирис за тоа? Ако немате, прочитајте го овој водич и пронајдете го идеалниот парфем за излегување.

1. ЗА ВЕЧЕРА
За заедничка вечера со пријателите ви треба познат мирис, со цветни ноти како срцевина. Ако вашата идеална вечер за излегување е всушност внатре, тогаш пробајте го Women’s Collection. Овие цветни суптилни мириси гарантирано ќе ви ги разубавуваат вашите вечери.

2. ПЕТОК ВЕЧЕР
По напорната недела, секогаш е добро да ја оставите вашата работа и да уживате со пријателите. За петочните вечери ви го препорачуваме VIP - мирис што е инспириран од најпопуларните светски клубови. Вашиот верен пријател за незаборавни ноќи!

3. ЗА ВО КЛУБ
Вистинскиот парфем може да значи многу. Тој треба да инспирира, да исполнува со самодоверба. Ако сакате вечерта да ја поминете на подиумот, пробајте мирис што ја изразува вашата индивидуалност - како My Destiny. Оваа светски позната парфимирана тоалетна вода зрачи со уникатност - како вас.

4. ГАЛА-ВЕЧЕРА
За специјалните пригоди во кои сакате да зрачите со елеганција и грациозност, пробајте ги мирисите на Giordani Gold. Со своето 40-годишно искуство, Giordani Gold секогаш се стреми кон совршенство, користејќи ги најексклузивните состојки во парфимерството.

5. ДЕНОТ ПО ЗАБАВА
Специјалните пригоди наложуваат префинети и тешки мириси, а полесниот состав ќе ги ви ги опушти сетилата и ќе ве подготви за новиот ден. Новата тоалетна вода  My Little Garden ќе ве оддалечи од градскиот метеж и ќе направи уживање од секој ваш ден.

Текст: