Најдобриот изглед за твоите веѓи

Како и фризурата, веѓите се личен печат на секого. Без разлика дали сакаш смели, контурирани или супердефинирани веѓи, ние го имаме идеалниот водич како да ги создадеш и обликуваш.

СМЕЛИ И СКРОТЕНИ
Кој
не сака впечатливи веѓи? Со користење на маскарата за веѓи, можеш да создадеш убави и бујни веѓи за миг. Нашата маскара за веѓи The ONE е водоотпорна и високоефикасна гел-маскара, која ги скротува влакненцата и им додава бујност на веѓите, со екстра-форма.

КАКО?
1. Исчеткај
ги влакненцата од веѓите со врвот на четката. Прави кратки движења.
2. Нанеси
го гелот на местата каде што сакаш да додадеш волумен.
3. Внимателно
обликувај ги веѓите.

КОНТУРИРАНИ И НАГЛАСЕНИ
Сакаш
да се чувствуваш шик? Двостраниот молив за веѓи е она што ти треба. Страната со молив додава дефиниција, боја и форма каде што влакненцата се ретки, а страната со хајлајтер создава илузија за кренати веѓи. Двостраниот молив за веѓи The ONE ќе ти овозможи природен и впечатлив изглед.

 КАКО? 
1. Започни
со надворешниот дел од веѓите и користи молив во боја за да ги пополниш ретките делови. Со нежни движења, дефинирај ги и контурирај ги веѓите.
2. Нанеси
го хајлајтерот под веѓите за да ги истакнеш очите или формата на веѓите.

ИЗГЛЕД БЕЗ МНОГУ НАПОР 
Кога
си во метеж, веѓите не треба да ти создаваат дополнителен стрес. Сетот за обликување веѓи The ONE  е твојот верен пријател, каде и да одиш, со своите две природни нијанси, четкички, восок и огледалце. Полесно не може да биде.

КАКО? 
1. Одбери
една нијанса на веѓи или измешај две за идеалната нијанса.
2. Нанеси
ја бојата на веѓите со кратки движења со црната аголна четкичка.
3. О
бликувај ги веѓите со восок, со кратки движења со белата четкичка за восок.

ПРЕЦИЗНИ И ДЕФИНИРАНИ 
Како и острото
мачкино око, за супердефинирани веѓи ти се потребни добра техника и уште подобра алатка. Со користење на апликаторот лесно можеш да нацрташ влакненца и да создадеш прецизни линии. Пробај го моливот за веѓи The ONE, кој ќе ти овозможи лесна покривност и природен финиш, со формула што не се размачкува и што е отпорна.

КАКО? 
1. Со
нежни потези нанеси на средината на веѓите.
2.
Обликувај го крајот на веѓата. Пополни по желба.
3.
Пополни ги ретките места со нежни потези за природен финиш.

Текст: