Што да превземете за мрсната кожа

Нашата кожа може некогаш да е тешка за одржување, особено во лето. Ако вашата кожа е мрсна неколку часа после чистењето или ако ви пречи тоа што таа свети, ние ќе ви помогнеме! Еве неколку совети за тоа како да имате убава кожа.

ТОЧНА ДИЈАГНОЗА
Најпрво одговорете: дали имате мрсна кожа? Мрсната кожа настанува како резултат на хормоналните промени во телото и затоа понекогаш се контролира тешко. Андрогенот, хормонот кој го поттикнува производството на маснотија, може понекогаш да претера, со што доаѓа до мрсен тен и запушени пори. Ако кожата е мрсна во средината на денот, тешко се нанесува шминка или има видливо зголемени пори, црнки и акни на Т-зоната, тогаш најверојатно е мрсна.

ЧИСТЕЊЕ СПОРЕД ТИПОТ НА КОЖА
Ако имате мрсна кожа, најверојатно сакате кога кожата е многу чиста и свежа, но ова суво чувство не ви годи многу. Кога мрсната кожа е сува всушност го поттикнува производството на повеќе маснотии, со што повеќе го продлабочува проблемот. Одберете нежен гел за чистење или лосион за миење лице кој не суши и не остава траги.

КОРИСТЕТЕ ТОНЕР
Тонерот помага во балансирањето на природното ниво на pH на кожата, го намалува појавувањето на пори и воспаленија - чести проблеми за луѓето со мрсна кожа. Исто така е одличен начин за отстранување на шминка која ако не се отстрани може да создаде проблеми - не прескокнувајте!

КОРИСТЕТЕ ДОБРА МАСКА
Маската од глина е задолжителна за оние со мрсна кожа. Таа ги впива трагите од нечистотија, ги одзатнува порите - исто така помага и во намалувањето на производството на маснотии.

НЕ ШТЕДЕТЕ НА НАВЛАЖНУВАЧ
Не паѓајте во искушение да ја сушите кожата. Всушност, мрсната кожа има голема потреба од навлажнувач за да биде здрава - и не ѝ требаат состојки кои ја запушуваат. Побарајте лесен навлажнувач, без маснотии, во форма на течност или гел за да хидрирате и негувате, а за најдобри резултати користете серум.

ИМАЈТЕ ПОПИВНА ХАРТИЈА ВО ТОРБА
Во попладневните часови, вашата кожа природно произведува повеќе маснотии - кошмар за оние со мрсна кожа. Потапкајте хартија која впива маснотии на Т-зоната за да ги соберете маснотиите и да изгледате подобро.

ЕКСФОЛИРАЈТЕ ПРАВИЛНО
Нешто што не треба да го прескокнете е ексфолирањето, кое ќе ги отстрани мртвите кожни клетки кои се собираат на површината од кожата и кои можат да предизвикаат црвенила. Наместо да користите крпче или нешто за чистење, користете киселински ексфолијант кој нема да поттикне поголемо производство на маснотии. Пробајте бета-хидрокси киселина како салицилната киселина која ќе ја ексфолира површината на кожата и ќе делува длабоко во порите.

КОРИСТЕТЕ ЗАШТИТЕН ФАКТОР
Ако страдате од светкава кожа и нанесувањето на тешка заштитна крема ви е мачно - не грижете се. Постојат многу лесни, немрсни формули. Или, одберете дневна крема  со вграден заштитен фактор за помалку проблеми и поголема заштита.



Текст: Фотографии: Getty Images, Кристин Врејфорд