Кафените очи одговараат добро со повеќето бои - среќа за вас. Но, доколку навистина сакате да ги нагласите очите тогаш побарајте сенки во боја на лосос, бронзена или златна; овие сјајни бои ќе ги нагласат златните пеги и темните тонови во вашите очи. Доколку очите ви се со боја на бадем, тогаш испробајте топли металик нијанси или црвенкасти тонови кои ќе го нагласат зеленото во вашите очи. Ако сакате вашите очи да се истакнуваат, тогаш користете живи сини, зелени и розево тонови за контраст. Или, ако имате многу темни, скоро црни очи, тогаш додајте интензитет со темен туш за очи и зачаден изглед. Темните очи одлично изгледаат во темните вечерни нијанси кои сите ги сакаме.
Задолжителни производи:
The ONE Colour Unlimited Сенка за очи во молив - Sahara Bronze и Amazon Night
Giordani Gold Палета сенки за очи - Divine Brown
АКО ИМАТЕ СИНИ ОЧИ...
Избегнувајте тешка, темна шминка ако имате сини очи.Премногу зачадена шминка само ќе се натпреварува со вашата боја на очи, што е причина да се држите до светлите нијанси и неутралните тонови. Ако имате многу светли сини очи, пробајте корална сенка или сенка во боја на шампањ. Или, бронзена или розева металик кремаста сенка која ќе ги балансира студените тонови. ВИ звучи премногу обично? Тогаш шробајте 'рѓосано портокалово или виолетово за возбудлив контраст.
Задолжителни производи:The ONE Colour Impact Сенка за очи – Beige Pearl и Rose Gold
АКО ИМАТЕ ЗЕЛЕНИ ОЧИ…
Вашите очи се природно светли, па затоа не морате да носите темен молив или туш за очи, како ни јаки нијанси за да привлечетевнимание. Наместо тоа, сивите или кафените моливи нема да ги задушат, туку ќе ги врамат вашите очи. Земјените тонови, како топли кафени и капучино нијансите се комплементарни на вашите очи, а за повеќе контраст одберете виолетови тонови - лаванда, љубичица и јоргован, сите одговараат! За да ги нагласите пегите во вашите очи пробајте сјајна бронзена, златна или сребрена.