Која форма на веѓи ти одговара?

Велат дека очите се прозорец на душата – а веѓите се неговата убава рамка! Прочитај го нашиот водич и дознај каква форма на веѓи ти одговара тебе!

1. КРУЖНА ФОРМА
Ние
ги обожаваме полните веѓи со високи и остри агли. Ова ќе му даде дефиниција на твоето лице со овална форма и ќе создаде агли помеѓу јаболчиците. 

2. ОВАЛНА ФОРМА
Оние што имаат форма на лице со добар баланс можат да пробаат повеќе стилови. Сепак, ти препорачуваме овална форма што се протега преку коската на веѓата.

3. ФОРМА НА СРЦЕ
Пробај
низок, полуправ свод што ја бакнува твојата коска на веѓата. Едноставно, следи го природниот свод на веѓата. Поизразената форма на веѓи не се препорачува за оваа форма на лице бидејќи може да го одвлече вниманието од твоите убави очи и чело.

4. ДОЛГНАВЕСТА ФОРМА
Фокусирај
се на должината на веѓите од лево кон десно и направи висок или низок свод. Ова ќе ги истакне твоите убави црти на лицето.

5. КВАДРАТЕСТА
Ти
имаш убаво дефинирана брада и затоа треба да создадеш баланс со дебели веѓи и изразен свод. Квадратестите веѓи ќе ти помогнат да ги истакнеш очите!

Текст: