Легнувај и станува во исто време, секој ден
Твоето тело има природен аларм што ти овозможува да се разбудиш и да спиеш во исто време. За да го активираш овој систем, во твоето тело, легнувај си во исто време секоја ноќ и буди се наутро во исто време. Нашето тело се обновува додека спиеме и со соодветна рутина за спиење, му овозможуваме да воспостави соодветна рутина за обновување. Откако твоето тело ќе влезе во оваа рутина, ќе се чувствуваш посвежо и активно во текот на целиот ден. Оваа долготрајна промена во твојот животен стил може многу да влијае врз твојата утринкса рутина и да ти помогне да имаш енергија секој ден.
Движи се
Вежбањето е клучно за здрав животен стил. Кога го движиш телото, се забрзува ритамот на твоето срце, а тоа го победува уморот и желбата да продолжиш со спиење. Вежбањето е сигурен начин да ги разбудиш мускулите и да го загрееш телото за остатокот од денот. Затоа, наместо да го одложуваш алармот 10 пати секое утро, разбуди се и вежбај за енергичен и активен почеток на денот. Не мораш да правиш напорни вежби или да посетуваш скапа фитнес-сала, едноставно прави лесни вежби што одговараат за твоето тело.
Не заборавај да појадуваш
Појадокот е првиот оброк во денот и е најважен за фитнес и енергија. Прескокнувањето на појадокот е најголемата грешка за здравјето. Кога го прескокнуваш првиот оброк во денот, твоето тело ја губи енергијата и му е потребна поголема мускулна сила за да ги извршува дури и најлесните задачи, како средување на креветот. Ако сакаш да се чувствуваш активно и свежо во текот на денот, тогаш никогаш не прескокнувај го појадокот и внесувај природна и органска храна, за време на најважниот оброк од денот.
Додај малку свеж мирис
Уште еден начин да се погрижиш телото да биде свежи и активно е утринското туширање. Водата ти помага целосно да се разбудиш и и совршено да го започнеш денот. Пробај освежителен гел за туширање како Wakeup Feel Good Гелот за туширање со екстракт од јапонското овошје јузу што веднаш го освежува телото. Цитрусниот мирис го заживува целото тело, ја зголемува енергијата и го подобрува расположението. За да го зголемиш ефектот користи ја и Wakeup Feel Good Тоалетната вода за да мирисаш свежо и весело цел ден. Јапонското овошје јузу, ливчиња од диво нане и миск, ќе направат да се чувствуваш будно и свежо.
Слушај позитивна и енергична музика
Музиката има огромно влијание врз нашите животи. Според истражувањата, видот музика што го слушаме може многу да влијае врз нашето расположение и продуктивност. За да ја зголемиш енергијата во текот на утрото, слушај мотивирачка и брза музика, додека појадуваш или вежбаш. Состави листа од песни што ќе можеш да ја слушаш секое утро, за да го подобриш расположението и да ги зголемиш енергијата и продуктивноста на драстичен начин. Овој совет е забавен и неверојатно корисен за будење на телото и умот, без дополнителен напор. Можеш и да танцуваш на овие песни и да ги сметаш како дел од утринското вежбање.
Со мала промена во животниот стил, ќе можеш да го искористиш целосно своето утро и да се чувствуваш свежо секој ден. Следи ги овие едноставни и лесни совети и уживај во твоите утра.