Детален водич за четки

Не се сите четки за шминкање еднакви. Тие имаат различни намени и со нив се постигнуваат различни резултати. Не си сигурна која четка за што служи? Прочитај го водичот и дознај!

ЧЕТКА ЗА ТЕЧНА ПУДРА
Четка за течна пудра се користи за нанесување пудра. Нашата Precision Четка за течна пудра има влакна во сплескана и заоблена форма што овозможуваат брзо и изедначено нанесување и голема контрола при користење пудри со разни состави, вклучувајќи течни и кремасти пудри.

Професионален совет: Почни со нанесување пудра на центарот на лицето и изедначи ја пудрата кон косата и вратот. Ова ќе ти помогне да избегнеш таложење вишок пудра на краевите на лицето.

ЧЕТКА ЗА КАМЕНА ПУДРА
Четка за камена пудра се користи за нанесување каков било камен производ или производ во прав (како пудра во прав или камен бронзер). Нашата Precision Четка за камена пудра овозможува совршено изедначено нанесување и лесен и мазен финиш. Четката функционира неверојатно со камени производи и производи во прав.

Професионален совет: Нанеси пудра со еднакви и кружни движења за беспрекорен резултат.

ЧЕТКА ЗА КОРЕКТОР
Четка за коректор се користи за прецизно нанесување коректор. Нашата Precision Четка за коректор има тенок конусен врв, совршен за покривање темни кругови околу очите и црвенило околу носот.

Професионален совет: За целосна покривност, нежно тапкај го коректорот на кожата, а потоа изедначи го со нежни движења.

ЧЕТКА ВО ОБЛИК НА ЛЕПЕЗА
Четката во облик на лепеза најчесто се користи за нанесување осветлувач, руменило или бронзер. Нашата Precision Голема четка има сплескани влакна во форма на лепеза, кои ќе ти овозможат природен и беспрекорен резултат.

Професионален совет: Четката во облик на лепеза е одлична алатка за отстранување вишок пудра од лицето.

АГЛЕСТА ЧЕТКА ЗА РУМЕНИЛО
Четката за руменило се користи за нанесување руменило. Нашата Precision Аголна четка за руменило има накосени влакна, со кои пудрата лесно се нанесува, за изедначен и природен изглед. Ова е супер четка за изедначување и контурирање на образите, за постигнување дефиниран и обликуван изглед.

Професионален совет: Насмеј се за јаболчиците да дојдат до израз и нанеси малку руменоло на средината на образите. Потоа нежно изедначи го руменилото со кружни движења кон ушите.

ЧЕТКА ЗА УСНИ
Четката за усни се користи за нанесување кармин. Нашата Precision Четка за усни е густа, мала и конусна четка, совршено дизајнирана да ги изрази контурите на усните и подеднакво нанесување јаки бои.

Професионален совет: Нанеси го на четката твојот омилен кармин и чувај ја четката во твојата ташна за брзи поправки на карминот во текот на денот.

АГОЛНА ЧЕТКА ЗА ТУШ
Четката за туш се користи за нанесување боја од туш за очи во молив, како и кремаст или течен туш. Нашата Precision Аголна четка за туш за очи има аголни влакна кои се совршени за нанесување туш на горната или долна линија на трепките, без потешкотии. Четката е идеална за кремасти тушеви или за твојата омилена сенка за очи.

Професионален совет: Секогаш почни со тенка линија, а потоа здебели ја линијата.

ДВОСТРАНА ЧЕТКА ЗА СЕНКА ЗА ОЧИ
Четка за сенка за очи се користи за нанесување сенка за очи. Нашата Precision Четка за сенка за очи има заоблена форма што овозможува лесен пристап до секој дел од очниот капак. Сунѓерчето овозможува попрецизно и интензивно нанесување боја.

Професионален совет: Нанеси сенка за очи на наборот на окото за поинтензивен и нагласен облик.

ЧЕТКА ЗА ИЗЕДНАЧУВАЊЕ
Четката за изедначување се користи за изедначување на премините помеѓу две различни бои сенка за очи. Нашата Precision Четка за изедначување има меки влакна со широк пресек, совршен за изедначување.

Професионален совет: Притисни нежно за влакненцата да се рашират. Ова помага боите добро да се изедначат, без остри линии.

ЧЕШЕЛ ЗА ВЕЃИ И ТРЕПКИ
Чешелот се користи за обликување на веѓите и отстранување грутчиња маскара од трепките. Чешелот за веѓи на нашата Precision Чешел за веѓи и трепки има кратки влакненца, совршени за изедначување производи за веѓи. Чешелот за трепки ти овозможува природен изглед на трепките.

Професионален совет: Нанеси производ за веѓи на чешелот за веѓи и исчеткај ги веѓите за природен изглед.

АГОЛНА ЧЕТКА ЗА ВЕЃИ
Четка за веѓи се користи за нанесување производи за веѓи. Нашата Precision Аголна четка за веѓи има цврсти аголни влакненца што овозможуваат дефинирано поплнување на веѓите.

Професионален совет: За природен совет секогаш почни на местото кадешто веѓите се најгусти. Нанеси со кратки движења.

Текст: Фотографии: Нина Холма