Tоп летни мириси – Да ја комплетирате листата

Надополнете ја својата палета мириси и поттикнете го доброто расположение со нов мирис. Запознајте ја Орифлеим директорката на маркетинг за дивизијата мириси Christine Dercourt-Simmonds, која со нас ќе ги подели своите тајни за избор на совршен летен мирис.

Ова лето ги сакаме мирисите од пазарот: испробајте мешавина од рози, сочна лубеница и заводливи ноти на чоколадо! 

Како многумина од нас можеби ќе се чувствувате пријатно само со еден или два мириса, но и понатаму посакувате некои нови ноти. Ја замоливме Christine да не посоветува како да избереме совршен летен мирис, а притоа да ја задржиме својата карактеристичност!


Кои се најважните фактори кои треба да се земат во предвид кога ќе го избирате совршениот летен мирис?


 – Пристапот е ист како и при изборот на совршениот мирис кој го носите во зима. Најдобро е да ја проучите листата на мириси кои сте ги користеле во последните 3 или 4 години. Голема е шансата поголем број на мириси од вашата листа да е од истото „семејство“ мириси. „Семејството“ мириси се однесува на одредените ноти на мирисот кои можат да бидат цветни, овошни, дрвенести, ориентални и други.

Top Summer Fragrances

– Значи држете се до својот омилен цветен мирис, но додадете и испробајте свежи мириси во текот на летото. На високи температури ќе се чувствувате одлично доколку малку се освежите!


Кои се најголемите мирисни трендови за жените ова лето?


 – Овошните мириси се голем хит! Црвеното и жолто овошје како ананас, манго, праска, лубеница се многу популарни. Потоа многу се популарни и цветните мириси.


МОЈОТ ИЗБОР:
Eclat Weekend: Овошен мирис со горни ноти од праска.
– Цветните мириси кои развиваат убави нежни ноти се голем летен тренд.

МОЈ ИЗБОР НА 3 ЦВЕТНИ МИРИСИ:

Volare:
Сосем нова интерпретација на мирисот на розата.


Paradise:
Лесни цветни ноти зачинети со цврен бибер.

Divine:
Женствена мешавина со мирис на орхидеја.
.


Top Summer Fragrances

A кои се трендовите за машки мириси?

 – Свежите и ароматични мириси се голем тренд кај машите. Многу се барани мешавините од цитрусни ноти со пенлив лимон и ароматични зачини. Сите имаат многу „уверлива“ маженствена структура на мирисот. Мојот личен избор е Excite тоалетната вода. 


МОЈОТ ИЗБОР
Excite
– Инспирирани од далечниот исток, ориенталните мириси стануваат се повеќе популарни во групата машки мириси. Безвременската свежина во маженствена мешавина на коријандер, свеж кедар во комбинација со цветни ноти од јасмин и сензуалноста на зрното тонка е неодолива.


МОЈОТ ИЗБОР:
Eclat Homme




Текст: Фотографии: Oriflame Editorial Team