Носи памучна облека
Памукот е природен материјал, кој е впивлив. Природните влакна ѝ овозможуваат на кожата да дише преку нив. Од друга страна, синтетичките влакна, како полиестерот, имаат спротивен ефект. Синтетичките материјали ги задржуваат мирисите, дури и по перењето.
Туширај се секој ден
Топлото и долго туширање може да ја исуши кожата. Научниците препорачуваат туширање од една до две минути со млака вода и фокусирање на пазувите и на стапалата. Ако се тушираш двапати дневно, користи нежен производ за туширање.
Жените обожаваат: крем за туширање со масло од сусам и магнолија Love Nature
Мажите обожаваат: гел за чистење коса и тело North For Men Subzero
Пиј повеќе вода и храни се здраво
Пиењето соодветно количество вода секој ден му помага на телото да функционира нормално, додека јадењето повеќе овошје и зеленчук, а помалку месо и брза храна, може да резултира со намалено потхранување на бактериите што предизвикуваат непријатни мириси.
Отстрани ги влакната од пазувите
Бричењето на пазувите доведува до помалку место за размножување на бактериите.
Ти ја препорачуваме: 2 во 1 пената за бричење и за чистење North For Men Subzero
Стави сапун во плакарот
Оваа тактика е одлична за спречување на мирисите во плакарите. Твојата облека ќе мириса фантастично!
Мажите го обожаваат: сапунот North For Men Subzero
Жените го обожаваат: сапунот Radiant Rose
Грижи се соодветно за стапалата
Одржувај ги ноктите на стапалата кратки и чисти и секогаш добро суши ги стапалата по миењето.
Професионален совет: спрејовите за тело имаат својства што помагаат за намалување на миризбата на стапалата. Испрскај на целите стапала и во чевлите.
Ти го препорачуваме: антиперспирантниот спреј за стапала Feet Up Advanced
Користи дезодоранс
Дезодорансите ги спречуваат непријатните мириси, додека антиперспирантите штитат од пот и мириси.
Професионален совет: нанесувањето дезодоранс навечер има подолготраен ефект.
Препорачуваме:
За мажи: ролон-дезодорансот North For Men Subzero
За жени: антиперспирантниот ролон-дезодоранс Activelle Invisible