Совет на месецот: како да водиш самоуверен разговор

Без разлика дали се работи за важна презентација на работа или само за разговор со некој пријател, многу е полесно да бидеш свој и подобро да комуницираш кога се чувствуваш самоуверено! Составивме листа од најдобрите совети, за да научиш како да водиш самоуверени разговори.

Подготви се
Ако се чувствуваш удобно за тоа што го кажуваш, тогаш ќе го кажеш со поголема самодоверба. Пробај прво да запишеш што имаш да кажеш или вежбај зборување пред огледало, за да го усовршиш твојот исказ. Пробај ја оваа техника!

Раскажи ја твојата приказна
Ако зборуваш автентично и искрено, луѓето повеќе ќе внимаваат на тоа што го кажуваш. Те слушаат бидејќи сакаат да слушнат што имаш да кажеш, а не што мисли некој друг. Биди храбар, свој и зборувај искрено. Понекогаш е тешко, но тогаш најчесто е најважно.

Зборувај јасно и едноставно
Не комплицирај ги работите – јасно и едноставно кажи што мислиш! Погледни што имаш запишано и не зборувај премногу. Просечното внимание на луѓето е осум секунди, затоа избирај ги зборовите добро и внимателно!

Имај јасна цел
Фокусирај се на тоа што сакаш да го постигнеш. Дали сакаш да му препорачаш некому нешто? Дали ти треба поддршка за некој проект? Дали се обидуваш да му објасниш нешто комплицирано на твојот пријател? Потсети се на твојата цел кога зборуваш.

Запомни да слушаш
При слушањето е потребно е исто толку концентрација како и при зборувањето (можеби и повеќе!), сепак слушањето е многу важно. Луѓето повеќе ќе те слушаат ако знаат дека и ти ги слушаш нив и ги почитуваш.

Ова се само неколку идеи, а со нивното применување ќе забележиш дека полека ќе престанеш свесно да мислиш на нив и дека ќе ти доаѓаат природно.

Текст: