1. КРЕМ ПРОТИВ ПОРИ И БРЧКИ NOVAGE
Стресот, недостигот од сон и загадената средина може да имаат негативно влијание врз кожата и да предизвикаат зголемени пори, линии и уморен изглед. Сепак, постои решение! Оптичката технологија за замаглување на NovAge лесно се впива во кожата и му дава целосно беспрекорен изглед на тенот. Клинички тестиран со користење камери со висока резолуција, кремот против пори и брчки Novage предизвикува видлива промена и ѝ дава мат-изглед на кожата.
2. ПУДРА GIORDANI GOLD LIQUID SILK СО СПФ 12
Одличната покривност е уште еден начин да имаш совршена кожа. Пудрата Giordani Gold Liquid Silk со СПФ 12 е ултратечна, го усовршува тенот* и му дава прекрасен природен изглед. Инспирирана од свилата, конечниот резултат изгледа природно, а пудрата е пријатна на кожата. Производот е збогатен со оптички замаглувачи, кои ги покриваат несовршеностите и ѝ даваат блескав и помладешки изглед на кожата*. Доколку тоа не е доволно, пудрата, исто така, ја штити кожата од штетните влијанија на средината, благодарение на заштитниот фактор 12.
3. GIORDANI ПОДЛОГА ЗА ШМИНКА GOLD YOUTHFUL RADIANCE ELIXIR
Подлогата не служи само за подготвување совршена основа за беспрекорна шминка. Подлогата за шминка Giordani Gold Youthful Radiance Elixir со проѕирни розови и златни микробисери може да се користи и самостојно, за блескав тен со младешки изглед. Нејзините својства против стареење и целодневна хидратација ќе те поттикнат да ја користиш оваа луксузна подлога секој ден!
*Тестирано на потрошувачи