Покажи ја твојата автентичност
Слободно покажи го својот стил. Не плаши се од смела облека или од одење на забава во твоите омилени патики.
Никогаш не се откажувај
Понекогаш работиш цел ден, цела недела, цела година, а тешко е да ги видиш резултатите. Но тоа не е важно. Самото „дејствување“ е тоа што е значајно. Никогаш не престанувај да се обидуваш. Кога си уморна, движи се полека, но не запирај!
Не се стреми кон совршенство
Ајде да прифатиме дека совршениот изглед нема да нѐ направи среќни, но дека можеме да бидеме среќни ако се откажеме од стремежот за совршенство. Биди своја!
Преземи контрола врз твојот живот
Самостојниот живот и слободата да правиш што сакаш со парите што ги заработуваш се прекрасни! Стреми се за финансиска независност!
Прифати ги годините
Сите се подобруваме со годините. Прифати го твојот лик во огледалото со апсолутна самодоверба. Постои посебна убавина во чувството на удобност во својата кожа.
Гордеј се со своето тело
Здодевно е постојано да се грижиш за изгледот на твоето тело. Многу повозбудливо е да се фокусираш на неговите способности.
Биди силна
Понекогаш треба прво да одлучиш дека ќе бидеш силна, за потоа да ја најдеш силата во себе.
Биди позитивна
Ако ја користиме целата негативна енергија на позитивен начин, којзнае што ќе откриеме?!