Моќта на природата: справи се со мозолчињата!

Непосакувани, а секогаш се појавуваат кога најмалку очекуваш! Дознај повеќе за прочистувачкото масло за лице Love Nature и природно справи се со мозолчињата.

Твојот проблем: мозолчињата 

Дали твојата кожа брзо се мрси и станува сјајна? Дали има зголемени пори? Ако одговорот на овие прашања е да, тогаш најверојатно имаш мрсна кожа. Мрсната кожа особено е склона на појава на мозолчиња, поради вишокот лачење себум, кој ги затнува порите. Мозолчињата може да се појават и како резултат на хормонски промени, стрес, лоша исхрана или недостиг од хигиена. Додека грижата за овие фактори треба да ти биде приоритет, ти даваме природно решение за брзо справување со мозолчињата.

Решение: прочистувачко масло

Прочистувачкото масло за лице Love Nature се справува со мозолчињата со помош на моќната двојка органско масло од чајно дрво и лимета. Маслото помага за справување со мозолчињата, ја прочистува и ја смирува кожата и дејствува за намалување на порите.

  • Смирувачко чајно дрво
    Познато по своите својства за длабинско чистење, органското масло од чајно дрво се бори против мозолчињата и помага кожата да остане хидрирана.

  • Освежителна лимета
    Лиметата потсетува на освежување. Таа ја освежува кожата и истовремено ја тонира и го отстранува вишокот сјај.



Дали знаеш?

Нашите рачно набрани лимети потекнуваат од сончевата држава Колима, лоцирана на пацифичкиот брег на Мексико, што значи дека тие се од врвен квалитет!

Како се користи?

Нанеси го директно на мозолчињата штом ќе се појават. Избегнувај го пределот околу очите.

Додај го ова масло во твоите неопходни производи за убавина и уживај во прекрасна кожа, без изненадувања, секој ден!

Текст: Фотографии: Орифлеим