ШТО ПРАВИ ПОДЛОГАТА И ЗОШТО ТРЕБА ДА ЈА КОРИСТАМ?
Целта на подлогата за шминка е да ги пополни сите нерамнини на лицето, да го изедначи тенот и да ја фиксира течната пудра. Ако имате ситни линии или видливи пори, подлогата е одличен начин за нивно прекривање. Ова значи дека течната пудра, коректорот и дури сенката за очи ќе бидат долготрајни и постојани благодарение на подлогата. Понекогаш шминката на лицето добива портокалова нијанса по повеќе часовно носење. Фиксирањето на шминката со подлога помага пудрата да не ја загуби бојата во текот на денот и да биде во истата нијанса. Конечно, ова е единствен производ кој зголемува долготрајноста на шминката – импресивно нели?
"Вашиот коректор, течна пудра, па дури и сенката за очи ќе имаат бенефит од подлогата како основа за шминка"
ЗОШТО ТРЕБА ДА КОРИСТАМ ПОДЛОГА?
Постои подлога за секој тип кожа, затоа треба да изберете соодветно на потребите. Подлогата ја фиксира шминката што е особено важно кога сте на места со екстремни разлики во температурата. Исто така подлогата создава мат основа на лицето што на фотографии изгледа одлично.
КАДЕ СЕ НАНЕСУВА ПОДЛОГАТА?
Очи – многу жени ја користат подлогата околу очите каде шминката лесно навлегува во ситните линии и брчките се повидливи. Користете подлога на помрсните делови како капакот на окото и сенката подолго ќе трае.
Лице – тенок слој од подлогата на целото лице ја фиксира течната пидра со што шминката подолго трае. Исто така одлично ги прекрива зголемените пори на лицето.
Усни – подлогата нанесена на усните пред карминот ја зголемува неговата долготрајност и што е најважно ја задржува нијансата. Исто така спречува карминот да се разлева и да навлезе во ситните линии околу устата.
КАКО ДА ЈА КОРИСТАМ ПОДЛОГАТА?
Подлогата треба да се нанесува откако ќе ставите хидртатен крем за лице и пред течната пудра. Но внимавајте да не нанесете премногу! Прекумерното нанесување на подлога ќе го отежни аплицирањето на течната пудра која нема добро да се фиксира за кожата.
Конечно, подлогата се става за фиксирање на шминката што значи дека не смеете да заборавате да го исчистите лицето навечер. Најефикасен начин за чистење на лицето е користење на електрична четка за таа намена!
Наша препорака:Giordani Gold Подлога за шминка
Ја фиксира шминката, ги омекнува појавените ситни линии и брчки и ја зголемува трајноста на течната пудра. Кожата е мека и хидрирана цел ден.