Азбука на Креми

Од ББ до ЦЦ: кои се разликите и кој акроним на убавина е најдобриот за вас?

 

Високо ценетите производи од Азија, каде совршената кожа се смета за најважниот квалитет, кремите со имиња сспоред азбуката им се придружија на своите роднини, пудрата и пигментираната хидратантна крема, во катчето за убавина, што резултира со многу нејасности во врска со потенцијалните производи за усовршување на изгледот на кожата. Сепак, кои се разликите помеѓу ББ и ЦЦ кремите? И која да ја користите? Прочитајте го водичот на Орифлеим за да ја одберете најдобрата опција за вас.

 

 

ББ(BB) крем 

ББ (BB) е кратекна за Балсам за Убавина (Beauty Balm) или Балсам против Дамки (Blemish Balm). Ова е кремаст и хидратантен, повеќе-функционален продукт, кој обично е полесен од пудра, но погуст од пигментираниот хидратантен крем. ББ кремата обезбедува лесно покривање, заштита од сонце како и квалитети на навлажнувач – се во едно. Во зависнот од брендот кој го користите, кремата може да има и други својства, на пример антиоксодансно.
Посебно погодна за комбинирана до масна кожа, ББ кремата е многу добро решение кое ќе ви заштеди време и труд наутро. Сепак, ризикот поради тоа што ова сепак е пигментиран продукт да нанесете помалку отколку стандардниот крем со СПФ или хидратантниот, што може да резултира со потенцијално дихидрирање на кожата или недоволна заштите од сонце. Имајте го тоа на ум!

 

 

ЦЦ(CC) крем

ЦЦ(CC) значи Корекција на бојата (Color Correction) или Нега на Бојата (Color Care). Иако разликата помеѓу ББ и ЦЦ кремите е многу мала, главната намена на ЦЦ кремата е да го изедначи и подобри изгледот на тенот, за потполно беспрекорен изглед. За да овозможи инстантно покритие и дојготрајна заштите, ЦЦ кремите содржат повеќе активни состојки од ББ кремите, на пример антиоксиданси и витамини Ц и Е. Корекцијата на бојата (тенот) се постигнува со помош на лесно дистрибуирачки честички и пигменти во зелена или виолетова боја, кои помагаат ви визуелното изедначување на тенот и намалување видливоста на несовршеностите. Обично, ЦЦ кремите се полесни, и побрзо се апсорбираат од ББ кремите. Поради нивната формула за подобрување на тенот, ЦЦ кремите обезбедуваат подобро покривање. 

Текст: Фотографии: Oriflame Editorial Team