1. ВНИМАВАЈТЕ НА ЧЕШМАТА
Кога не го миете телото, косата или четката за заби, исклучете ја чешмата. Ова е едноставен, но делотворен начин на заштеда на вода.
2. КОРИСТЕТЕ ЕДНО ШИШЕ ПОВЕЌЕПАТИ
Само во Америка луѓето користат 1.500 пластични шишиња за вода во секунда! Помалку од 20% од овие шишиња се рециклираат.
Пластиката тешко се распаѓа и за да се произведе е потребно многу енергија. Всушност, потребно е трипати повеќе вода да се создаде пластично шише отколку да се наполни! Тоа не значи дека треба да престанете да пиете вода. Напротив, вложете во шише за вода што се користи повеќепати и полнете го со вода од чешма или со филтрирана вода.
3. ВНИМАВАЈТЕ КАДЕ ГИ ФРЛАТЕ МАРАМЧИЊАТА ЗА ЛИЦЕ
Маринското конзерваторско друштво (The Marine Conservation Society) вели дека има 35 марамчиња за секој километар од британскиот брег - и бројката постојано расте! Ако ја отстранувате шминката со влажни марамчиња, фрлете ги во канта, а не во тоалет.
4. ПРОВЕРЕТЕ ГО ЛОГОТО
Понекогаш е тешко да се снајдете во светот на природните, органските и одржливите производи за убавина. Затоа е добро да ги знаете телата што ги одредуваат сертификатите. Кога ќе купите производ одобрен од Ecocert, ви се гарантира дека производот содржи над 95% природни состојки, дека пакувањето се рециклира и дека е произведен одговорно. Производ што има сертификат од Ecocert, на своето пакување го содржи логото на институцијата.
5. ИЗБЕГНУВАЈТЕ ГИ МИКРОГРАНУЛИТЕ
Микрогранулите се мали парчиња пластика што ги има во производите за ексфолирање. Според УНЕП (the United Nations Environment Program), еден обичен гел за туширање и ексфолирање содржи толку пластика во форма на микрогранули колку што има тубата! Затоа, зачувајте ја водата и користете пилинзи од природно потекло.
6. БИДЕТЕ МОДЕРНО СВЕСНИ
Некои парчиња од облеката не мора да се перат по секое носење. На пример, фармерките: производителите препорачуваат да ги перете вашите фармерки по секое петто или шесто носење за да ја зачувате нивната форма. Исто така, ако ја перете облеката на 30 С наместо на 60 С, ќе го намалете количеството потрошена електрична енергија за половина! На крајот, сушете ги алиштата на жица наместо во машина, и така ќе заштедите околу 2-3 кг емисија на јаглерод.
7. РЕЦИКЛИРАЈТЕ
Вашиот шампон и регенератор, садови за дневни кремови, кутии од паста за заби, ролни од тоалет... не заборавајте, сите тие можат да се рециклираат!
8. ПОНЕДЕЛНИК БЕЗ МЕСО
Ако барем еден ден не користите месо во исхраната, ќе ѝ помогнете на планетата. Дали знаете дека се потребни 2.500 галони вода за да се произведат 500 г говедско месо? Не мора да станете вегетаријанец, но ако еден ден во неделата не јадете месо, ќе живеете во подобра и поздрава планета!
9. ИНФОРМИРАЈТЕ СЕ ЗА ФЕРТРЕЈД
Производ што е фертрејд (Fairtrade) има платено „фер цена“ за состојките што ги содржи. Ова подразбира услови за пофер трговија за производителите и можност за нивна инвестиција во бизнисите и заедниците. Побарајте ја ознаката.
10. ДАРУВАЈТЕ ОБЛЕКА
Испитувањата покажуваат дека 30% од облеката во еден просечен плакар не се носени повеќе од една година. Кога е време да се ослободите од облеката, не фрлајте ја веднаш. Наместо тоа, дајте му ја на пријател, во хуманитарна организација или во место каде што се собира стара облека. Запомнете, носената облека не значи дека не е за носење.