10 совети за шминкање кои секоја жена треба да ги знае

Само затоа што редовно се шминкате не значи дека го правите тоа како што треба. Следете ги нашите 10 совети за шминкање и подобра апликација.

1.НОКТИ

За да имате нокти кои ќе се забележат, нанесете слој од бел лак над лакот основа, пред да започнете со лакирање.  

2. БЛЕСКАВИ ОЧИ

Истото важи и за шминката за очи. Со бел молив за очи исцртајте го окото, а потоа нанесете интензивна сенка. Силните бои уште повеќе го зголемуваат интензитетот.

3. ДОЛГОТРАЕН ИЗГЛЕД НА УСНИТЕ

Нанесете слој од сјаен кармин и вишокот остгранете го со хартиено марамче. Потоа на марамчето ставете малку транслуцентна пудра во прав и натапкајте ја на усните. На овој начин карминот се фиксира и трае цел ден и цела вечер!

4. ОЧИ ВО ФОКУС

Вашите капаци се мрсни и ако користите коректор како основа шминката нема да се размачкува, односно линиите од тушот или моливот ќе останат фиксирани. За долготрајна шминка на очите користете подлога за шминка.

5. СОВРШЕНО ПРЕКРИВАЊЕ

Ако сакате сјајна подлога или ако користите ВВ или СС крем, нанесете ја со прсти. За погусти пудри секогаш користете четка.

6. MУЛТИФУНКЦИОНАЛЕН ТУШ ЗА ОЧИ 

Ако сакате да постигнете замаглен ефект со молив, држете го на оган 10 секунди за малку да се стопи пред да ги исцртате очите.

 

"Молив во беж боја визуелно ги зголемува очите"


7. НАПРАВЕТЕ ДА ОДГОВАРА

Производите за вашиот тен, како течната пудра и коректорот, прво испробајте ги на внатрешната страна од раката каде кожата е побела од останатитиот дел од телото.

8. НЕМА ПОВЕЌЕ ТЕМНИ КРУГОВИ

Наместо да нанесувате коректор под очите во форма на полумесечина, нанесете го во V форма од едниот до другиот агол на окото. Користете четка за коректор и забележете како темните кругови исчезнуваат!

9. ОТВОРЕН ИЗГЛЕД НА ОЧИТЕ

Инвестирајте во беж или бел туш и исцртајте ја линијата на долните трепки, особено потенцирајте ги внатрешните агли на окото. На овој начин визуелно го зголемувате окото и добивате изглед на отворено око.

10. TЕСТ ЗА КАРМИН

Ако не сте сигурни за тоа која боја на кармин најдобро ви прилега, тестирајте го карминот на внарешната страна од врвот на прстот – тука кожата има најслична нијанса со природната боја на усните.

Текст: Фотографии: Shutterstock