1. Посебно во зима, претворете го во навика тоа да носите повеќенаменски балсам во чантата. Тој е одличен за смирување на црвениот нос, испуканите усни кои се лупат, како и суви кутикули.
2. Доколку имате прием или забава веднаш по работа: планирајте ја вашата шминка уште наутро, и носете ја шминката за да подготвите вечерен изглед. Одберете впечатливи очи, и нагласете го изгледот со контурирање, силни веѓи и смел кармин.
3. По нанесувањето на карминот, направете усните да ви изгледаат пополни така што нежно ќе нанесете слој сјај за усни во средианта на долната усна. Завршете со нанесување на слој на лесен коректор точно над купидоновиот лак.
4. За да постигнете изглед на поотворени очи и заводнички трепки; пробајте да го загреете виткачот на трепки, со фен, пред употреба. Не ги користее ладно фигаро, нели?
5. Одличен начин да изгледате посвежо и да го намалите отокот на подочниците, нанесете коректор во форма на триаголник (свртен надолу) под окото. Ќе ви даде моментално, мини подигнување.
6. Добро одржуваните нокти прават голема разлика во вашиот изглед. За да го намалите празничниот стрес, зошто не одберете долготраен лак за нокти? Овие лакови траат подолго од обичните лакови - и бараат мало одржување. Ќе ви заштедат многу време!
7. Производите за текстурирање и шампоните за суво миење ќе бидат ваши најдобри пријатели за креирање стилски и лесни фризури. Избегнувајте да ја миете косата пречесто бидејќи така потешко ќе ја стилизирате.
8. Пробајте да ги налакирате ноктите на рацете и нозете во различни бои, наместо во една. Мислете на вашите нокти како на впечатливи додатоци, и не се двоумете да ги налакирате во колор-блок комбинација како вашиот фустан.
9. Доцните вечери, алкохолот и калоричната храна се забавни до одредена мера. За да се чувствувате и да изгледате посвежо за време на празниците: потрудете се да пиете многу вода во текот на денот и да се наспиете секогаш кога можете.
10. Доколку не се наспиете, користењето хајлајтер или светлечка сенка во аглите на очите за да ги направите да изгледаат поотворени. Додадете бел алајнер за нагалсен ефект. Моментално ќе изгледате во подобра форма!