Летна рутина за шминкање

Во ситуации кога сте изложени на високи температури и влага, ќе ви биде потребна вододотпорна шминка која ќе биде постојана во текот на целиот ден, но и навечер. Прочитајте подолу како можете да имате шминка изложена на високи температури.

ПОМАЛКУ Е ПОВЕЌЕ

Заборавете на „тешката“ шминка и прифатете го ставот „помалку е повеќе“. Во топлите летни денови утрото започнете го со хидратантен крем кој има висок заштитен фактор. За да го избегнете потењето изберете лесна текстура.

 

ОСНОВА ЗА ШМИНКА

Совршената шминка бара одлична основа. Основата за шминка ги минимизира порите, го изедначува тенот и создава совршена подлога за вашата шминка. Шминката на тој начин нема да се „топи“ и брзо да се избрише.

 

ВВ КРЕМ

Кога ви е кожата потемнета немате потреба од многу шминка. Заменете ја течната пудра со ВВ крем. Супер лесната текстура и транспарентната формулација ќе ја нагласи летната блескавост на кожата, затоа течната пудра можете да ја оставите на страна до есен.

 

ИЗБИРАЈТЕ ВОДООТПОРНА ШМИНКА

Против потење и размачкување секако помага водоотпорната шминка кога надвор е жешко и температурите се високи. Избегнувајте интензивна шминка и инвестирајте во водоотпорни маскара, туш за очи или молив за да спречите размачкување. Светкавиот изглед на усните е совршен за ден, додека кармините во силни бои се одлични за вечерно излегување.

 

„Лесната и транспаретна текстура на ВВ кремот ќе ви подари здрав, свеж сјај на лицето“

 

МАРАМЧИЊА ЗА ВПИВАЊЕ НА ВИШОКОТ МАСНОТИЈА ОД ЛИЦЕТО

Кога надвор е влажно често се случува зголемување на себумот на лицето. За да го освежите лицето во неколку секунди употребете ги своите марамчиња за впивање вишок маснотија. Нежно натапкајте го лицето и за 2 до 3 секунди ќе се уверите дека ова е наједноставниот начин за отстранување на вишокот маснотија од лицето.

НАГЛАСЕТЕ

Во летниот период бирајте кремасти формулации на руменило за лице. Тие совршено ќе ја нагласат свежината на вашите образи во летниот период. Со топчињата за нијансирање освен образите можете да го нагласите челото и рамениците.

Текст: Фотографии: Oriflame