Чекор по чекор: бујна коса, како на холивудските ѕвезди

Отсекогаш сте мечтаеле за коса полна волумен, достојна за црвениот тепих? Сега е лесно, со нашиот водич ќе ви покажеме како да направите големи блескави кадрици за ноќите исполнети со забава. Пробајте!

1. ОДДЕЛЕТЕ И ИСПРСКАЈТЕ
Направете
патец настрана и испрскајте ја вашата коса со спреј за заштита од топлина. Вториот чекор е клучен за да одбегнете оштетување на вашата коса.

2. ИЗВИТКАЈТЕ ЈА КОСАТА ХОРИЗОНТАЛНО
Поделете
ја вашата коса на два дела и зацврстете ја горната половина на врвот на вашата глава. Земете мал прамен и завиткајте го врз фигарото. Држете го фигарото во хоризонтална положба, косата држете ја од пет до осум секунди, со што ќе направите цврсти кадрици.

 

3. СОЗДАЈТЕ СИМЕТРИЈА
Повторете ја истата техника на виткање, при што секојпат ќе го држите фигарото во истата насока. Важно е да создадете совршено симетрични кадрици.

4. ИСЧЕШЛАЈТЕ И ДОДАJTЕ СЈАЈ
Кога
ќе ја извиткате целата коса, оставете кадриците да се оладат. Тогаш внимателно исчешлајте ја косата, при што вашите цврсти кадрици сега ќе се олабават и ќе се изедначат и ќе добиете прекрасна брановидна коса. На крајот додајте лак за коса за поголем сјај и цврстина.

ПОЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО ОВДЕ

Video Holivudska-kosa

 





Текст: Фотографии: John Buddee Hair & Makeup: Åsa Östergren