Со целата „фама“ околу контурирањето во последните неколку години, ќе ти биде простено доколу мислеше дека бронзерот е твојата единствена опција да ги истакнеш јаболчниците. Но, што е со оние денови кога сакаш поприроден изглед без шминка, но сепак сакаш и одредена дефиниција на лицето? Така настанале бронзените топчиња, одговор на индустријата за убавина за оние кои сакаат сјајна кожа без потреба од премногу шминка.
Што всушност се Бронзените топчиња?l
Бронзерите доаѓаат во различни форми, вклучувајќи течна форма, гелови и пудри. Бронзените топчиња се индивидуални топчиња од компресирани минерални прашоци кои обично имаат различни нијанси како розова и златна боја, кои се мешаат во една тегла. Со поминување со мека четка над овие мали бисери се собираат различните нијанси, кои потоа се мешаат заедно кога ќе ги нанесеш по кожата, создавајќи ефект на „исончана кожа“.
Зошто да користиш Бронзени топчиња?
Сите сме ги виделе видео-туторијалите на Instagram за контурирање - и повеќето од нас веројатно ги испробале самите. Ако потоа мислеше дека изгледаш премногу неприродно, резултатот ти излезе премногу „аматерски“ или сметаш дека бронзерот е тешко да се изедначи со кожата и другата шминка, тогаш Бронзените топчиња се за тебе.
Причината за користење на неколку различни бои во бронзените топчиња е обично да се обезбеди поприроден изглед при користењето. Бидејќи тонот на кожата е природно разновиден, повеќекратните нијанси што се користат во бронзените топчиња можат на лицето да му дадат изглед каконавистина била изложена на сонце.
Не само што тие обично имаат помалку интензивен ефект како резултат на тоа што се комбинација од разни нијанси, во споредба со еднобоен бронзер, туку дополнително, не мора да се грижиш дали четката за шминка земала повеќе производ отколку што е потребно (понекогаш е тешко да се процени колку има од производот на четката и може да завршиш со премногу „изгорени“ образи, а потоа треба да го отстраниш со марамче). Така, заштедуваш од времето за шминкање.
Во суштина, полесно е да не се претера кога се користат бронзени топлиња- и секогаш е полесно да се додава шминка отколку да се одзема!
Како да користиш Бронзени топчиња?
1. КРЕИРАЈ СВЕЖ СЈАЈ
Помини со четка за нанесување пудра или четка за руменило со средна големина преку топчињата за да добиеш совршена мешавина од сите пигменти. Протреси ја четката за да се ослободиш од вишокот производ. Нанеси на образите со кружни потези за блескав, розов финиш.
Наш предлог се Giordani Gold Luminous Peach или Sublime Radiance Бронзените топчиња.
2. ОБЛИКУВАЈ
Помини со „лепеза“ четка преку топчињата за да добиеш совршена мешавина од сите пигменти. Следно, користи ја тенката страна од четката за да го контурираш лицето под јаблкниите. Потоа додади малку од производот на аркадите и покрај коренот на косата за да добиеш сјај со поприроден изглед.
Ти препорачуваме нешто со мат ефект како нашите Giordani Gold мат Бронзени топчиња
3. ИСТАКНИ И ПОТЕНЦИРАЈ
Расположена за поинтензивно румени образи? Избери неколку светло розеви топчиња и стави ги во раката. Користи четка за да ги собереш пигментите и нанеси ги преку образите.
Можеш да направиш сличен трик, користејќи само топчиња во светло сјајни бои, за да создадеш ефект на истакнување(хајлајтер). Држи ги во рака, а потоа користи четка за да ги потенцираш јаболчниците, коските под веѓите или врвот на носот!