Чекор по чекор: Младешка кожа во само неколку чекори

Одвојте двапати по две минути секојдневно и посветете го тоа време за нега на кожата. Рутината лекор по чекор и овозможува на кожата да дише и полесно да го поднесе третманот кој ќе го правиме. Прочитајте или погледнете ги кратките четири чекори кои имаат за цел обезбедување максимален ефект во негата на кожата.

1. Чистење

Средство за чистење

Првиот чекор на рутината е чистењето на кожата од сите нечистотии и мртви клетки. Чистењето овозможува производите за нега подобро да се апсорбираат. Средството за чистење користете го наутро и навечер за да ја исчистите шминката, вишокот масни наслаги и другите нечистотии од лицето.

Тоник

Тониците ја смируваат кожата и го одржуваат хидратантниот баланс на кожата. На тој начин ја подготвуваат кожата за подобро апсорбирање на производите кои ќе ги нанесувате. Користете тоник за да ги исчистите трагите од шминка и да ја хидрирате и затегнете кожата.


 

2. Oчи

Крем за очи 

Кожата околу очите е потенка и чувствителна што значи трагите од стареење прво се појавуваат токму тука. Кремите за околу очи имаат лесна текстура и полесно се впиваат во кожата. Немаат мирис за да се намали можноста за иритација. Користете крем наутро на навечер и третирајте го пределот околу очите против брчки, подочници и потеченост.

 

3. Подобрување на делувањето

Најдобриот начин со кој можете да го зголемите делувањето на производите за нега на кожа е користење на серум. Серумите содржат поголема концентрација на активни состојки кои навлегуваат подлабоко и побрзо во кожата и побрзо постигнуваат резултати. Серумот користете го секој ден, пред нанесување на дневен или ноќен крем.

 

 

4. Хидратација

Дневен крем 

Својата утринска рутина завршете ја со нанесување на дневен крем за да ја хидрирате и заштитите кожата од надворешните влијанија како на пример загадувањето. Користете ноќен крем со соодветен СПФ фактор наутро за да ја заштитите од негативното влијание на УВ зраците. Нанесувајте крем на лицето, вратот и кожата на деколтето за максимална заштита. Избегнувајте го делот околу очите кој веќе сте го заштитиле со крем за очи.

Ноќен крем 

Навечер вашата кожа одмора и се обновува затоа делувањето на ноќниот крем е едноставно и неговите активни состојки полесно навлегуваат во кожата. Нанесувајте крем на чисто лице по серумот за да го овозможите обновувањето на младешкиот изглед на кожата.

Текст: Фотографии: Craig Teunissen