Нокти со линии

Забавни, шарени и половично природни - освежете го изгледот на вашите нокти со најновата комбинација за маникир од линии и негативен простор.

1. ИЗБЕРЕТЕ БОИ 
За да создадете мултиколоритни
линии, започнете со одбирање на вашите омилени контрастни бои. Одберете богати бои за најдобар ефект.

2. ИСЕЧЕТЕ ЈА ВАШАТА ЧЕТКА ЗА ЛАКИРАЊЕ 
За прецизно нанесување, секогаш проверете дали вашата четка за лакирање има праволиниски крај. Ако е потребно
, израмнете ја четката со ножички.

3. ПРВАТА ЛИНИЈА
Потпрете го вашиот зглоб врз рамна површина за да имате поголема стабилност. Намачкајте ја четката со еден од лаковите и нацртајте хоризонтална линија на вашиот нокт. Можете да користите и гумено ластиче врз вашиот нокт за да добиете рамен крај. Премачкајте со тенки слоеви за да создадете прикриеност.

4. ВТОРАТА ЛИНИЈА
Одлучете каде сакате да започне вашата следна линија. Поместете го ластичето на надворешниот крај на таа линија и започнете ја втората
линија.

5. ИСЧИСТЕТЕ
Истурете малку ацетон врз четка за лакирање или врз памук за да
ги отстраните капките лак од вашите прсти и празниот дел на вашиот нокт.

6. ПОСЛЕДЕН СЛОЈ 
Оставете вашите нокти да се исушат целосно и завршете го изгледот со последен слој проѕирен лак
, кој ќе овозможи подолго задржување на лакот на вашите нокти.

За да го погледнете видеото притиснете тука.




Текст: Фотографии: Џон Бади