Спа-третман за коса во твојот дом

Спа-третман за коса во твојот дом е идеално решение за безживотната и оштетена коса. Со едноставна рутина и со неколку добри производи, твојата сува и оштетена коса може брзо да стане мазна и сјајна.

1. ШАМПОН И РЕГЕНЕРАТОР
Измиј ја косата со регенерирачки шампон и регенератор. Ова е важен чекор за обновување и регенерирање на оштетената коса.

2. ПОТХРАНИ ЈА СО МАСКА
Нанеси богата и хранлива маска од коренот на косата до врвовите. Расчешлај ја косата со чешел со широки запци. Ако мислиш дека на косата ѝ е потребна дополнителна нега, завиткај ја во пунџа и остави ја маската да дејствува уште 5 минути. Потоа целосно исплакни ја.


3. ОТПЛЕТКАЈ
По миењето, исчешлај ја косата со четка со широки запци и со перниче. Косата е понежна кога е мокра, затоа е важно да користиш четка со широки запци и со перниче. Потоа нанеси 2-3 капки серум, додека косата е сè уште влажна, за да ти биде косата мазна и мека.

4. ТЕХНИКИ ЗА ФЕНИРАЊЕ
Сега може да ја исушиш косата. Користи четка со отвори за да ја исушиш косата побрзо. Отворите овозможуваат подобро кружење на воздухот, со што се намалува времето на изложување на косата на топлина.

5. ЗАШТИТИ СО СЕРУМ
Ако имаш сува и кршлива коса, може да нанесеш дополнителен серум на врвовите за дополнително потхранување и поголем сјај.

Заврши го третманот со лесно нанесување на повеќенаменскиот спреј за коса HairX Advanced Care. Овој ултрадобар производ е неопходен. Серумот го зголемува сјајот на косата, ги смирува разлетаните влакна, ги намалува оштетувањето од топлина и кинењето на врвовите и многу повеќе.

Уживај во твојата прекрасна и обновена коса!
 
Текст: Фотографии: Орифлеим