1. ЧЕТКА ЗА УСНИ
Четката за усни можеби ти изгледа дека е нешто што не ти треба, но откако ќе ги откриеш нејзините предности, ќе сакаш постојано да ја користиш. Таа е создадена за нанесување боја на усни со прецизност и без размачкување. Долгата дршка ти овозможува оптимална контрола, а скулптурираниот врв е совршен за беспрекорна линија. Влакненцата се кратки и овозможуваат совршена апликација.
2. АПЛИКАЦИЈА СО ЧЕТКА ЗА УСНИ
Одбери го омилениот кармин и стави боја на четката или нанеси на усните во тенки слоеви. Започни од средината и повлечи нанадвор, но внимавај да не ставиш премногу боја на аглите. Исто така можеш да ставиш кармин во слоеви со помош на четката за да ти трае подолго. За прецизен финиш, користи го врвот на четката за да ги дефинираш линиите на усните.
3. ЧЕТКА ЗА ИЗРАМНУВАЊЕ
За мат-финиш, користи мала четка за пудра. Нанеси пудра на неа и потоа полека помини преку усните. Лесно е!
Погледни го видео-водичот ОВДЕ