1
ОСНОВНА БОЈА
Пред да почнете, нанесете транспарентна основа за подолго траење на лакот. Потоа, нанесете 2 слоја лак во месо-боја. Почекајте да се исуши.
2
ЛЕОПАРДОВСКА ШАРА
Со темно кафен лак за нокти нацртајте дамки на секој нокт. Направете ги во различна големина и форма и распоредете ги нерамномерно на сите нокти. Почекајте да се исушат.
3
ДЕТАЛИ
Сега, со помош на тенката чектичка, земете црн лак за нокти за да ги исцртате дамките. Правете полукружни линии во форма на буквата С од двете страни на секоја дамка - тоа ќе ги претвори во леопардовска шара!
4
ЗАВРШЕН СЛОЈ
Кога лакот ќе се исуши, нанесете уште еден слој од транспарентниот лак. Така ќе ги заштитите шарата и ноктите.