Чекор по чекор: Златни акценти

Безбојните нокти акцентирани со златни линии се уметност на нокти која треба да ја научите оваа сезона. Штом еднаш ја научите техниката, испробајте ја и со други комбинации на бои - таа е лесен начин да им дадете на ноктите луксузен финиш.


1

ОСНОВЕН СЛОЈ

Почнете со нанесување на основен слој за да ги подготвите и заштитите ноктите. Запоменте до ги намачката врвовите добро за подолготраен ефект.

 




2

ОСНОВНА БОЈА

Одберете основна боја - ние избравме лак во месо боја. Нанесете два слоја и оставете убаво да се исушат.

 

  



3

 
ИСЕЧЕТЕ ЧЕТКИЧКА

За да ја креирате вашата шара, ќе ви треба текна четкичка за лак. Земете некоја стара четкичка и исечете ја за да направите тенка четкичка за апликација. 




4

ШАРА

Ќе треба да креирате серија вертикални и дијагонални линии на ноктите, па затоа одлучете каква шара ќе цртате пред да почнете. Ставете ја раката на рамна површина, а потоа почнете внимателно да ги цртате линиите.


     

 

  5

ДОДАЈТЕ СЈАЈ

Кога шарата ќе се исуши целосно, нанесете завршен слој кој ќе ја фиксира шарата и ќе додаде екстра сјај.




Текст: Фотографии: Victoria Stillwell, Nails by: Frida Selkirk