Чекор по чекор: геометриски нокти

Геометриските нокти се забавен и модерен изглед со контрастни бои. Следете ги нашите четири едноставни чекори и видете како да го постигнете овој изглед дома!

1. НАНЕСЕТЕ ОСНОВЕН СЛОЈ
Започнете со одбирање три контрастни бои лак за нокти. Колку посмели се боите, толку вашите нокти ќе бидат повпечатливи! Започнете со светла боја на основниот слој. Така другите бои навистина ќе дојдат до израз. Оставете да се исуши.

2. ПОВЛЕЧЕТЕ ВЕРТИКАЛНА ЛИНИЈА
Потоа направете аголна вертикална линија кон центарот од ноктите, користејќи ја бојата број два. Запомнете дека секогаш е подобро да нанесете неколку тенки сло
ја отколку еден дебел слој лак. Така и побрзо се суши лакот.

3. НАПРАВЕТЕ ТРИАГОЛНИК
Со третата боја направете триаголник во блокот што го направивте. За дополнителна прецизност, користете четка за лак за нокти што е наменета за цртање на ноктите. Ова ќе ги направи аглите остри и финалните детали уредни.

4. НАНЕСЕТЕ ГОРЕН СЛОЈ
Завршете со нанесување горен слој за дополнителен сјај!

Погледнете го видеото ОВДЕ




Текст: Фотографии: John Buddee Nail art: Frida Selkirk