1. СЕЛОТЕЈП
Ставете парче селотејп на надворешниот агол од окото и насочете го кон слепоочницата. Со четка нанесете од вашата кремава сенка за очи и направете линија кон надворешниот агол од вашето око.
2. ОКО КАКО НА МАЧКА
Користете го селотејпот како линијар, продолжете да цртате над лентата преку надворешниот агол и постепено направете ја линијата тенка. Извадете го селотејпот.
3. НАГЛАСУВАЊЕ
Сега нагласете ги очите со светки на средината од очниот капак за да ги отворите очите.
4. УСНИ
За крај нанесете портокалов кармин за светли усни подготвени за забава!