Чекор - по - чекор: Нокти како од '70тите

70тите имаат посебена мода и убавина. Нашиот лесен туторијал за лакирање на нокти црпи инспирација од психоделичното расположеие на декадата.


1

ОСНОВНА БОЈА

Одберете основна боја (ние ја обожаваме оваа капучино-нијанса!) и нанесете во два слоја, оставајќи време лакот да се исуши.

 





2

ПОЛУКРУЖНИ ФОРМИ

Сега, одберете лакови во контрастни бои - темна бургунди и кремаста изгледаат одлично. Користете ја темната за да нацртате полукругови на надворешниот дел на ноктот. Отакако ќе се исуши, нацртајте помал во неговата внатрешност со другата боја. Користете различни бои за шарата да биде видлива!

  




3

 

ПСИХОДЕЛИЧЕН ЕФЕКТ

Одберете трета различна боја на лак. Ние користевме црвен лак за да нацртаме мали точки во средината на двата полукруга кои ги нацртавме претходно. Оставете да се исуши. 

 





4

ИСЧИСТЕТЕ

Не грижете се доколку малку замачкате, само земете чепкалка за уши со малку ацетон и отстранете го лакот од страните.

  

 




5

ЗАВРШЕН СЛОЈ 

Откако вашиот лак потполно се исушил, нанесете проѕирен заршен слој за да го заштитите лакот од пукање и да додадете сјај. 

За да го гледате видеото, кликнете тука. 

Текст: Фотографии: Victoria Stillwell, Nail artist: Frida Selkirk