Како да изгледате шик во топлите летни денови

Топлото и влажно време можат да предизвикаат проблеми со вашата кожа, коса и шминка. Но, не грижете се, можете да ја победите топлината со помош на нашиот водич за одржување на шик изглед во топлите денови.

ПРОБЛЕМ 1: МОЗОЛЧИЊА
Основно правило за да ја избегнете појавата на мозолчиња предизвикани од пот, загадување и шминка е да го чистите лицето соодветно. Апаратче за чистење ќе ви помогне длабински да ги исчистите порите, додека пак тоникот ќе ја отстрани преостанатата нечистотија. Ако сте склони кој појава на мозолчиња во лето, пробајте да користите глинени маски богати со минерали што ќе го смират воспалението, ќе ги затегнат порите и ќе ги извлече нечистотиите од кожата. А сјајот ќе го отстраните со помош на марамчиња кои моментално ќе ги впијат маснотиите и лесно можете да ги чувате во чантата.

ПРОБЛЕМ 2: РАЗЛЕТАНА КОСА
Преминувањето од  просторија со клима на топло и влажно време значат едно нешто за оние со коса склона кон разлетување - лоша фризура. Пробајте третман што не се измива дизајниран за измазнување на немирните влакна или нанесете малку серум низ косата за да ја смирите. Исто така, доколку носите поголема чанта, можете да понесете шампон за суво миење на косата за да ја впиете екстра-влажноста.

ПРОБЛЕМ 3: РАЗМАЧКАТА ШМИНКА
Најчесто шминката со крем, восок и онаа на база на масло се топат при високи температури правејќи да не изгледате совршено како кога сте ја нанеле. Налето, ви препорачуваме да ги замените тешките кремови и минералната течна пудра со долготрајни течни формули како BB и CC крем. Влажноста влијае на стабилноста на кремастите сенки за очи и руменила па затоа нанесете пудра во прав на кожата - за подобро да се "залепи" и да трае подолго, прво нанесете основа за шминкање. И за крај, избегнете појава на "панда-очи" маскара отпорна на влажност, на пример, омилената на нашата уредничка - The One 5-in-1 Wonderlash Водоотпорната маскара.

ПРОБЛЕМ 4: ИЗЛОЖЕНА КОЖА
Топлото време значи дека вашите лице, раце, гради и нозе ќе бидат поизложени на сонце од вообичаено. И како што веќе знаеме, УВА и УВБ-зрацете не само што се потенцијално канцерогени, туку и го забрзуваат процесот на стареење. Во зима, СПФ во вашиот дневен крем е доволен, со налето потребно е да несете и заштитен крем. Сега, можете да купите специјализиран крем против стареење со УВ-заштита,дизајнирам за вашето лице. А кога станува збор за телото, користете брзо впивачка, немасна формула.

ПРОБЛЕМ 5: ДАМКИ ОД ПОТЕЊЕ
некои луѓе се потат повеќе од другите, но сите ќе се согласиме дека дамките од потправат да се чувствуваме непријатно. Нанесување на талк на областите склони кон потење ќе помогне така што ќе ја впие несаканата влажност, а кога се работи за стапалата, ништо не може да ги победи антиперспирантните кремови. Најдете дезодоранс кој му одговара на вашето тело налето - после се, тоа се однесува малку поинаку кога е топло. А за да ги одбегнете непријатните мириси, одберете облека од лен и памук.





Текст: Фотографии: Getty Images