Пролетна рутина за убавина

Пролетта е зад аголот - ви ветуваме! А тоа значи дека е време да ја замените негувачката зимска рутина по полесни, посоодветни навики за убавина.

ОСТАВЕТЕ ГО СТАРОТО, ЗАМЕНЕТЕ ГО СО НОВО
Порака до оние кои чуваат производи за убавина: доколку имате производи кои сте ги чувале цела зима, а можеби и претходната, неискористени некаде во вашето шкафче, тогаш е време да направите прередување.

Покрај проверка на рокот на траење, погледнете дали има промена во текстурата на производите. Некои од знаците се: грутчиња цо маскарата, креми кои почнале да се делат (цврсти на дното, течни на површината) или промени во бојата - особено важно е да ги проверите кремите за заштита од сонце.

КРАЈ ЗА ЗИМСКАТА СУВОСТ НА КОЖАТА 
Направете и ексфолијација на кожата за да го вратите сјајот. Но не претпоставувајте дека погруб пилинг е поефикасен. Ако имате чувствителна кожа, чистете го лицето со фротирска или крпа од муслин, или користете направа за чистење за да ги отстраните насобраните мртви клетки. Пилинг со АХА и БХА киселини е уште еден одличен начин да постигнете сјајна, пролетна кожа, но запаметете: свежо ексфолираната кожа е нежна, па затоа правете пилинг навечер, а доколку го правите наутро, потоа нанесете крем со заштитен фактор.

УБАВИНА ОДНАТРЕ
Според истажувањето на Mintel за нега на коса на жени во Велика Британија за 2015 вели дека жените сметаат дека здравјето и исхраата имаат најголемо влијание на изгледот на нивната коса. Можете да му се спротивставите зимскиот косопаст со помош на диета која вклучува многу протеини и железо, витамини Ц и Е и омега-3. Ова ќе помогне во згуснување на косата и ќе и даде дополнителна заштита од сонце - нешто слично на диетски СПФ.

"Кога доаѓа пролетта, тешките, богато-хидратантни производи може да ги замените со полесни" 

ПОЛЕСНА НЕГА
Кога доаѓа пролетта, тешките, богато-хидратантни производи што ве служеа одлично за време на ладната зима, сега може да ги замените со полесни. Можеби гел или пенливо средство за чистење лице или лесен дневен крем? И не заборавајте на серум! Многу серуми богати со антиоксиданси се формулирани да го пообрат изгледот на уморната кожа со помош на осветлувачки формули (како True Perfection). И секогаш - и навистина мислиме секогаш – користете креми со СПФ во текот на денот. 

ДОДАЈТЕ НЕШТО СВЕЖО
Исто како и негата за вашата кожа - искористете ја можноста да го промените и мирисот. Во зима, мирисите се поинтензивни за да може дасе осетат и покрај дебелите слоеви облека. Во пролет, заменете ги тешките основни ноти со нешто полесно, на пример тоалетна вода со цветни или мошусни ноти.  

ЗАМЕНЕТЕ ГО ПИЛИНГОТ СО МАСКА 
Минатата година, продажбатана маски за лце пораснала за 22.8%  во Европа - и тоа со добра причина. Маските за лице стануваат се понапредни и даваат подобри резултати од порано. Ако вашата зимска рутина вклучувала длабоки пилинзи, време е да побарате нешто полесно: осветлувачка маска, нежна маска за ексфолијација или 10-минутен хидратантен третман ќе му одговараат на потоплото време.







Текст: Фотографии: Oriflame