6 грешки при нанесување пудра кои нема да ги повторите

A flawless base wiБеспрекорната основа ќе го направи вашиот целокупен изглед да биде подобар. Но, дури и најискусните корисници на пудра можат да направат по некоја грешка. Кажете им збогум на несаканите линии и деловите со насобрана пудра со нашиот водич за поправање на 6те најчести грешки за нанесување пудра!ll bring your entire makeup look together. But even the most experienced foundation connoisseur can make the occasional beauty blunder. Wave goodbye to streaks and patchiness with our guide to fixing six common foundation mistakes!

1. ЈА НАНЕСУВАТЕ ПУДРАТА КАКО МАСКА
Целосна покривност не е потребна за секоја пригода. Вистината е, дека не мора да нанесувате пудра на целото лице секој ден. Пудрата треба да се користи за да го изедначите тенот и да го прикриете црвенилото, па затоа нанесете ја само онаму каде што е потребно. Препорачуваме да избегнувате да нанесувате покрај косата и да изберете коректор за прикривање на мозолчињата и дугите несовршености. 

За лесна покривност, ја овожаваме Giordani Gold CC Кремата.


2. ЗАСТАНУВАТЕ КАЈ ВИЛИЧНАТА КОСКА
Во ред, само што ви кажавме да не користите пудра на целото лице, но кога го правите тоа, обрнете внимание на вратот - никој не сака видливи линии од пудра покрај вилицата. Убаво размачкајте ја, изедначете ја и отстранете го вишокот пудра надолу под вилицата и на вратот за незабележлив преод од лицето кон остатокот од телото.

Наша обсесија за целосна покривност е: The ONE Everlasting Extreme Течната пудра.


3. КОРИСТИТЕ ПОГРЕШНА ПУДРА

Ако забележите дека пудрата ви се затемнува како што поминува денот, можеби корисите погрешен производ. Ако пудрата има премногу пигмент, таа може да ја промени бојата како што вашата кожа станува помасла во текот на денот. Пробајте да користите проѕирна пудра во прав. Одговара на секој тен и не ги менува изгледот и текстурата.


4. КОРИСТИТЕ ЛОШО ОСВЕТЛУВАЊЕ
Многу често, жените се во лошо осветлени простории кога нанесуваат пудра и тоа не помага. Запомнете го ова правило: ако вашата кожа изгледа добро на денска светлина, ќе изгледа добро на секаква светлина. Затоа потрудете се секогаш да нанесувате пудра на природна светлина - за најдобри резултати правете го тоа надвор или пред прозорец.


5. НЕ КОРИСТИТЕ ОСНОВА

Основата за шминкање ќе се впие во вашата кожа и ќе ја направи помазна. Плус, ќе ви помогне пудрата да трае подолго. Пробајте ја The ONE IlluSkin Основата за шминкање за најдобри резултати.


6. КОРИСТИТЕ ПОГРЕШНИ АЛАТКИ 

На вашите прсти се наоѓаат бактерии, нечистотија и масла, кои не сакате да не размачкате на лицето - особено ако сте склони кој појава на мозолчиња. Правилните алатки ќе ви помогнат да нанесете пудра побрзо и полесно. 

Сунѓерче ќе ви помогне да ја размачката пудрата подеднакво, така што крајниот изглед ќе ви биде колку што е можно попририден. Нанесете пудра на задниот дел од дланката, потоа со сунѓерчето земете од пудрата. Размачкувајте од центарот кон надворешните делови на лицето. 

Текст: Фотографии: Getty images