7 проблематични ситуации со убавината

Има изрека дека нашминканата жена не треба да ја прашуваш зошто задоцнила. Иако сме сигурни дека твојот изглед е секогаш беспрекорен, сепак понекогаш има мигови кога ништо не оди како што треба. Накратко, некои денови борбата да изгледаме совршено е преголема. Сепак, без паника, знаеме како ти е.

1. Ненадејни акни
Можеби е тоа период од месецот кога има драстична промена на времето. Без разлика, сите знаеме како е: едно утро се будиш и гледаш дека на кожата имаш акни што не сакаш да ги имаш. Уште полошо, овие работи најчесто се појавуваат кога најмалку ги посакуваш, кога имаш важен деловен состанок или кога треба да излезеш со некој што ти се допаѓа. Каде е магичното стапче кога најмногу ти треба?

2. Проблеми со карминот
Сите сакаме малку боја на усните, но не и на забите! Не е лесно да го користиш карминот уредно, бидејќи, без разлика колку обожаваш молив за усни, сепак понекогаш ќе ги „нашминкаш“ и забите. Шлагот на тортата е кога ќе откриеш и ќе сфатиш зошто сите зјапаат чудно во тебе веќе неколку часа.

3. Хаотична коса
Само ако живееш некаде каде што нема воопшто ветер или ако немаш долга коса, не би можела да се пронајдеш во оваа ситуација. Но ако имаш долга коса многу често може, поради времето или поради пребрзи движења, да имаш повеќе коса на твоето лице отколку зад ушите.

4. Скинати хулахопки
Тукушто се нашминка, ја среди косата и облече нови хулахопки. Сѐ е навидум во ред и ти си подготвена да го започнеш денот, но одеднаш забележуваш мало дупче на страната од ногавицата. Предоцна е да се пресоблечеш и единствена опција е да гледаш како хулахопките се кинат и целиот твој изглед бавно пропаѓа. Ако го забележиш скинатото навреме, нанеси малку лак за нокти за да го спречиш комплетно да се распадне. 

5. Излупени нокти
Без разлика дали постојано пишуваш на тастатура или нервозно си играш со прстите, одеднаш забележуваш дека лакот не ти е многу уреден. Немаш време да ги средиш со нов лак. Стресно, зарем не?

6. Погрешно контурирање
Еден од оние денови кога се будиш и чувствуваш дека конечно имаш изгледано доволно водичи за да пробаш напредно контурирање. Или можеби не. Додека ги израмниш дупчињата во образите по четврти пат и додадеш премногу сјај, сфаќаш дека изгледаш како член на некое племе.

7. Размачкани очи
Кога сме веќе кај неуредноста, кога станува збор за шминка за очи, нема ништо понервозно од размачкување на маскарата или на моливот за очи. Повлекувањето линија повисоко одошто треба најчесто прави да изгледаш како да имаш модринка наместо мачкини очи. Истото тоа се случува кога маскарата ќе се растече и одеднаш личиш на ракун. Да бидеме реални, понекогаш е подобро да имаш природен изглед и да уживаш во сопствената кожа!

Текст: