ПОЧЕТОК!
Започнете со чистење на ноктите. Отстранете го стариот лак од ноктите, потопете ги во топла вода со малку сода бикарбона, купка која ги чисти дамките од ноктите.
СОВРШЕНА ДОЛЖИНА
Со грицкалка исечете ги ноктите до посакуваната должина и потоа обликувајте ги со турпија. Секогаш турпијајте во еден правец за да го оштетувате ноктот.
ОВА ГО ПРАВИТЕ ПОГРЕШНО!
Не треба да ги потопувате ноктите пред лакирање. Всушност ноктите кои се потопени омекнуваат и стануваат почувствутелни на оштетувања, а лакот побрзо се лупи.
КУТИКУЛИ
Користете стапче за да ги поттурнете кутикулите. Тие се „живиот“ дел од вашиот нокт затоа им е потребно дополнително внимание. Екфолирајте го овој дел од ноктот со специјализиран пилинг пред да нанесете балсам за влажност.
СЈАЕН ФИНИШ
Полирањето на ноктите го зголемува нивниот сјај. Ако површината е нерамна, ноктот може да почне да се лупи.
СОВРШЕН МАНИКИР
Нанесете основа или гел за зацврстување на лакот за нокти (нашиот фаворит е The One зацврстувачот). Откако ќе се исуши ставете тенок слој од бел лак за нокти. Зошто? Белата основа ќе направи вашиот лак да добие природен изглед.
Ако досега го протресувавте лакот за да ја измешате бојата – не правете го тоа повеќе. Доволно е да го затоплете шишенцето во дланката пред да започнете со лакирање.