СЛЕДИ ЈА ТВОЈАТА РУТИНА
Често скршнуваме од својата рутина за време на празниците, но ако сакаме кожата да ни изгледа најдобро што може, неопходно е да се придржуваме до рутините за нега на кожа! Твојата рутина ги отстранува нечистотијата и вишокот масти и ја одржува кожата хидрирана. За време на празничната сезона, често користиме повеќе шминка за да изгледаме повесело и затоа е многу важно да се придржуваме кон рутините и да ја отстраниме шминката пред спиење.
ПИЈ ВОДА
Празниците се време посветено на семејството и на прославите, но, и покрај веселбите, лесно е да претераме со вкусната храна и пијалаците. Алкохолот може да направи кожата да ги изгуби сјајот и хидратацијата, кои се проблеми што не сакаме да ги имаме додека се подготвуваме за следната забава. За да ти остане кожата свежа и здрава, пиј многу вода пред настаните на кои знаеш дека ќе пиеш алкохол и секогаш пиј вода додека пиеш алкохолни пијалаци.
ОСЛОБОДИ СЕ ОД СТРЕСОТ
Сите знаеме дека семејните собири може да бидат малку стресни, а стресот има брз ефект врз нашата кожа. Биди суперрелаксирана и справи се со семејните расправи како професионалец, така што ќе одделиш малку време за опуштање пред средбите. Направи малку чај, нанеси смирувачки третман на кожата и читај ја омилената книга. Направи сè што е потребно да се релаксираш и да се чувствуваш добро!
ЗДРАВА ХРАНА
Празничната сезона е време за вкусна храна, но сепак пробај да јадеш и здрава храна! Погрижи се твојата кожа да ги добие потребните витамини и минерали, така што ќе приготвиш шарена салата, која ќе ја јадеш со богатата храна и десертот. Шарениот зеленчук содржи многу антиоксиданти што ги штитат телото од оксидативен стрес и ја потхрануваат кожата.
НАСПИЈ СЕ УБАВО!
Поради доцните ноќни забави и семејни веселби, често не се наспиваме доволно. Недостигот од сон и стресот за време на празничната сезона може да предизвикаат појава на темни кругови под очите и сивкаст тен. Сонот често се поврзува со убавината и затоа треба да спиеш најмалку 6-8 часа секоја ноќ! Некои истражувања покажуваат дека обновувањето на клетките, што е важно за подмладувањето на кожата, се зголемува во текот на ноќта. Тоа значи дека шансите да се разбудиш со свежа и блескава кожа се поголеми ако се наспиеш добро.