1. Усни
Ниту една друга боја не остава впечаток како црвената. Избери модерен мат-изглед со карминот Giordani Gold Iconic Elixir. Со богати пигменти, неговиот состав преминува од сјајна во привлечна мат-боја кога ќе се нанесе на усните. Избери една од осумте прекрасни нијанси!
2. Коректор
Коректорот е основниот дел од нашата шминка што го изедначува тенот и создава беспрекорен изглед. Нацртај ја буквата С во аголот на окото со коректорот Giordani Gold Secret и со четка, или со врвот на прстот, тапкај го коректорот за да се впие. Никогаш не втривај го! Ова ќе го нагласи твојот изглед.
3. Течна пудра
За да се чувствуваш подготвено за забава, потребно е да имаш кожа со природен сјај. За да создадеш блескав изглед, користи лесна пудра, како пудрата Giordani Gold Liquid Silk, и нанеси топчиња Giordani Gold за осветлување на јаболчиците и коректор Giordani Gold за нијансирање за блескав сјај.
4. Туш за очи
Шминкањето за на забава често значи смели дефинирани очи. Освен маскара, нанеси туш за очи и нагласи ги веѓите. Тушот за очи Giordani Gold, со интензивна боја, ќе трае цела ноќ, а неговиот заоблен врв ќе ти овозможи прецизно нанесување.
5. Додатоци
Ниту еден изглед не е совршен без мирис! Најди мирис што се стоплува на твојата кожа и се менува за време на вечерта. Ако сакаш енергичен мирис, пробај ја парфимираната тоалетна вода Miss Giordani. Земи мало огледалце во твојата чанта и погрижи се твојот изглед да остане совршен цела вечер.