Паметно спакувајте се за на одмор

Промената на гардеробата е една работа, но вашата рутина за нега на убавината е сосема нешто различно. За добро да се подготвите за годишен одмор кој толку долго го посакувате, прочитајте што треба да понесете во авион, базен и хотел.

ЗАДОЛЖИТЕЛНО ПОНЕСЕТЕ ВО АВИОН

Ако ги обожувате сите свои ситници за убавина, сигурно сте згрозени од фактот дека омилените креми, лосиони и млека мора да ги понесете во амбалажа не поголема од 100 мл. Поедноставете ги работите: добро подгответе се. Потребни ви се само неколку основни производи.

На аеродром упатете се отако добро ќе ја хидрирате својата кожа. Не е потребно да нанесете шминка затоа што секое патување е стрес за кожата. Нанесете лесен хидратантен дневен крем, а лосион за раце и балсам за усни во својата патна торба.

Освежувајте ја кожата во текот на летот со освежителни марамчиња – ќе се чувствувате многу подобро кога ќе ги избришете лицето и рацете.

Не дозволувајте очите да ви станат црвени, а отеченоста на капаците намалете ја со крем за околу очи кој ќе ја поттикне циркулацијата и ќе ја намали отеченоста.

Фризурата по летот во авион никогаш не е репрезентативна, па во торбата понесете четка за коса и шампон за суво миење на коса.

 

УБАВИ И ПОКРАЈ БАЗЕН

Ќе ви биде потребен заштитен фактор, затоа понесете доволно крем или лосион со заштитен фактор. Поголем број лосиони за тело се погодни и за лице доколку тој за лице не ви е при рака.

За сончеви денови користете кармин со заштитен фактор за нега и заштита на своите усни.

Не заборавајте на косата – избегнувајте го сувиот воздух од фенот за коса на тој начин што ќе ја заштитите со спреј за заштита од топлина.

 

ВО ХОТЕЛ

Заменете ја течната пудра со лесен ВВ или СС крем – високите температури бараат прилагодување на вашата шминка. Доколку имате водоотпорна маскара и кармин во силна боја, тоа ќе ви биде сосем доволно!

За туширање користете пилинг кој е збогатен со витамини, ја омекнува и негува кожата. 

На лицето задолжително нанесете крем со висок заштитен фактор и регенеративен крем за нега во текот на ноќта. 

Омега 3 масните киселини придонесуваат за поздрав изглед на кожата.


Текст: Фотографии: Oriflame