Чекор по чекор: Омбре нокти

Омбре стилот не заминува никаде. Имавме омбре коса и усни, сега се на ред ноктите. За да го носите и вие најмодерниот тренд оваа сезона, следете го овој водач чекор по чекор.


1

За почеток ви треба ново сунѓерче за шминка – сунѓерче за течна пудра е совршено. Изберете три комплементарни лакови и нанесете три еднакви линии на крајот од сунѓерчето. Боите треба да се разлеат една преку друга.






2

Со тапкање ставајте боја на ноктите, по целата површина. Лакот треба да се фиксира на ноктите. Повторете неколку пати, откако ќе се исушат слоевите кои ги нанесувате
 






3

Кога лакот целосно ќе се исуши, отстранете го вишокот околу ноктите со стапче со памук и отстранувач на лак.







4

На крај ноктите налакирајте ги со транспарентен лак. Можеби ќе треба да ставите неколку слоја за да се изедначи нерамната површина. Добивате сјаен ефект и лак кој трае подолго!


Текст: Фотографии: Oriflame