Изглед "без шминка"

“Изгледот без шминка” е фокусиран на беспрекорна основа и неутрални тонови што ја нагласуваат природната убавина. Ако сакате дискретна шминкка што вели “се разбудив вака”, следете го нашиот водич во 5 чекори.

1. ОСНОВА
Прво нанесете ББ-крем или лесна пудра за го изедначите тенот - идејата не е да прикриете, туку да ја нагласите природната боја на кожата.

2. ОСВЕТЛЕТЕ
Нанесете лесна сенка за очи во неутрална боја преку целиот капак, но не претерувајте, задржете го вниманието на очите, а не на обаста околу нив. 

3. ДЕФИНИРАЈТЕ ГИ ОЧИТЕ
Користете кафен кајал-туш за очи на горниот и долниот капак. Потоа, со истиот кајал додајте дефиниција на надорешниот раб на окото - но, не претерувајте, запомнете дека се обидувате да постигнете природен изглед! Завршете со маскара, користете формула за издолжување и одделување на трепките за.

4. РУМЕНИЛО
Сега додадете природна боја на образите користејќи четка со средна големина за да нанесете руменило, од надворешниот на лицето кон носот. Но, нанесете мало количество за да не направите строги линии.

5. УСНИ
Завршете го изгледот со кармин со кремаста текстура во природна боја.


Текст: Фотографии: F/W Trend Book