2.СВЕЖО ЛИЦЕ
Се препорачува да следите дневна рутина за нега на кожа од четири чекори. Но, доколку летири чекори ви излгедаат премногу, тогаш барем потрудете се да го заштитие лицето со дневен крем кој има висок заштитен фактор. Посебните хидратантни креми ќе ви помогнат околу грижите поврзани со стареењето и оживувањето на кожата на лицето која била изложена на различни надворешни влијание и временски услови, како и внатрешни агресори, на пример климатизација во канцелариите. Исто така, предложуваме да користите крем за очи за да ги намалите отоците и темните кругови; Triple Action Балсам за очи се нанесува мошне лесно и че ги одржи вашите очи во одлична состојба.
Доколку сте благословени со густа и брановидна коса, потепките продукти, како восоци за коса се одлични за стилизирање, но доколку вашата коса е потенка, користете полесни продукти – лакови за коса и пудри се идеални за вас.
Што се однесува до смирување на вашата брада, подгответе ја кожата со продукт за бричење пред да посегнете по бричот. Избегнете иритација така што ќе го натопите бричот со млака вода за ги отворите порите на лицето за полесно отстранување на влакната."Посебен хидратантен крем за раце ќе ви помогне да ги одржувате рацете нежни и меки на допир."
4. ФИНАЛЕН ДОПИРБез разлика на годишното време, добрата нега на стапала е многу важна. По туширањето (кога кожата е најмека), употребете шуплив камен од вулканска лава за да ја отстраните мртвата кожа, потоа исечете ги ноктите на нозете и повлечете ги кутикулите. Доколку имате проблем со лоша миризба на стапалата, користете посебни продукти за да го избегнете и решите овој непријатен проблем – наградуваниот бренд Feet Up ќе ја чува непријатната миризба под контрола.
Истото се однесува на вашите дланки. Ништо не излгеда понепријатно од машки дланки со прераснати, валкани нокти на рацете. Погрижете се да ги сечете ноктите редовно секоја недела и користете четка за нокти или сет за маникир за да ги одржувате ноктите. Посебен хидратантен крем за раце ќе ви помогне да ги одржувате рацете нежни и меки на допир.
Текст: Sophia Marinho de Lemos