ПРОБАЈ МАСКА ЗА ЛИЦЕ
Има причина зошто професионалците користат маска за лице - бидејќи таа е ефикасен начин за подобра кожа. Затоа, без разлика на проблемите со кои се соочувате (сува кожа, акни, флеки итн.), одбери маска каква што ти одговара и користи ја како што е напишано. А, додека чекаш 10-15 минути, пушти музика за опуштање и запали свеќи. Уживај!
ЗБОГУМ ЗА МАСКАТА... ЗДРАВО ЗА ТОПЛАТА КРПА!
Повеќето посети на професионални места за спа вклучуваат третман со топла крпа, бидејќи така се отвораат порите и се чисти кожата темелно. За среќа, крпа има секој дома! Откако ќе ја нанесеш маската, потопи мека памучна крпа во вода, почекај да се навлажни и избриши го остатокот од производот. Сега твојата кожа е посвежа!
ПРЕТВОРИ ГО ТВОЈОТ ТУШ ВО ТОПЛА БАЊА
За будење на твојата кожа и подобрување на протокот на крвта нема ништо подобро од топол туш, по кој следува студен. Само не заборавај да го финишираш овој топло-ладен третман со 3-5 минути млака температура, за телото да се врати во нормала.
ОДМОРИ ГИ ОЧИТЕ
Мислиш дека краставицата е единствен начин да ги одмориш очите? Имаме друг предлог. Користи го задниот дел од ладна лажица на очите. Потоа нанеси крем за очи за да ја негуваш кожата.
ВРАТИ ГО ВРЕМЕТО
Кога кожата старее, нејзината текстура и тон се менуваат природно, при што доаѓа до намалување на колагенот и еластинот. За да ја зацврстиш кожата повторно, нанеси серум за лице што содржи кафеин и ретинол.
МАНИКИР И ПЕДИКИР
Најважното за домашен маникир и педикир е подготовка со вистинските производи. Затоа, користи отстранувач на лак за нокти, камен за стапала, отстранувач на кутикули и, секако, вистинската нијанса лак за нокти.