Како очите да ви изгледаат поголеми

70 проценти од мажите велат дека првото нешто што го забележуваат кај една жена се нејзините очи. Доколку немате природно густи, темни трепки и крупни очи, не грижете се! Уметничкиот директор на Орифлеим, Jonas Wramell има 5 основни совети за креирање на илузија на поголеми очи.

ТРИК #1 МОЛИВ ЗА ОЧИ
Исцртајте ги горниот и долниот раб на очите со бел или беж молив што инстантно ќе направи очите да ви изгледаат побели и поголеми. Луѓето многу често ставаат молив само на долниот раб, но така со трепкање ќе ја избришете бојата. Овој трик е брз, лесен и ефикасен!

ТРИК #2 ХАЈЛАЈТЕР
Нанесете светол хајлартер што ќе ја одбива светлината во аглите на вашите очи. Правилото е: темните бои ќе им дадат интензитет на вашите очи но ќе направат да изгледаат помали, светлите ќе направат очи да ви изгледаат поголеми и поотворени.

ТРИК #3 ДЛАБОЧИНА
Додавањето длабочина ќе ја максимизира големината на вашите очи - тоа е трик што Angelina Jolie го користи многу често. Нанесете сенка во боја на ванила на целиот капак се го веѓата. Потоа, со голема четка за сенка нанесете темна боја во надворшните агли на очите, во наборот. Со молив или туш нацртајте линија од центарот на ирисот кон надворешниот агол на окото. Не ја продолжувајте линијата он внатрешниот агол на окото ако сакате да го постигнете ефектот на истакнување на очите. За крај, оставете ја долната линијана трепките ненашминкана. Темните сенки под окото креираат интензивен изглед а не очи како на кукла, па затоа фокусирајте се на горниот дел. 

ТРИК#4 ВИТКАЊЕ
Извиткајте ги трепките за само 20 секунди и ќе добиете моментално поголеми очи. Трите трепките на делови, наместо сите одеднаш. Почнете со коренот - ИЗВИТКАЈТЕ - поместете се кон средината - ИЗИВТКАЈТЕ - завршете со крајот на трепките - ИЗВИТКАЈТЕ. На овој начин ќе добиете трепки како на кукла наместо прекршување во центарот на трепките. За уште посилен ефект, со вткачот за трепки, опфатете го коренот повторно и накривувајќи го виткачот нагоре (да, блиску до окото) - готови сте! 


ТРИК # 5 МАСКАРА
Користете маскара за волумен наместо за должина. Нанесете на овој начин: почнете со внатрешниот агол на окото, потоа нанесете во средината притискајќи нагоре и на крај во надворешниот агол. Во овој дел, насочете ја четкичката малку на страна и повлечете нанадвор. Оваа техника ќе креира ефект на широки трепки, создавајќи илузија на густи трепки и поголеми очи.

 





Текст: Фотографии: Kristin Wreyford, Getty images and Shutterstock