Нема повеќе отечени очи и темни кругови

Едно од најчестите прашања во 2014 беше „Како да се ослободам од подочниците?“. Јасно е дека е ова проблем. Затоа ќе се обидеме да го решиме!

ЗОШТО ИМАМЕ ПОДОЧНИЦИ?

Кожата под очите е потенка и понежна од другата кожа на лицето. И поради тоа што постојано трепкаме, ги движиме очите, тие стануваат многу чувствителни. Затоа тука се појавуваат и првите брчки. Слабата циркулација од недостаток на сон, стресот, кофеинот, премногу сол и алкохол се најчести причинители за отечени очи, но исто така и генетиката и алергиите имаат голем удел во нивното создавање.

ОТЕЧЕНИ ОЧИ

Отоците под очите често се предизвикани од задржување на водата, затоа пробајте да го минимизирате користењето сл и избегнувајте алкохол. Одмарајте се колку што можете повеќе и пијте многу вода.

БРЧКИ

Како што старееме нашата кожа ја губи еластичноста затоа е многу важно да корстиме крем за очи или серум кој ќе ја зацврстува кожата и ќе ги редуцира брчкуте. Нанесувајте СПФ фактор и секогаш носете очила за сонце кога сте надвор. Вашите очи ќе ви бидат благодарни.

РАЗЛАДУВАЊЕ

Најбрзиот начин на смирување на отеченоста на очите е ставање ладни облоги. Потопете памучен тупфер во ладна вода и ставете го на окото. Или ставете ќесичка од зелен или црн чај во ладна вода и потоа на очите – комбинацијата од студено и кофеин ги намалува крвните садови. 

Совет – користете крем за очи со метален кружен масажер и чувајте го во фрижидер!


ЧИСТЕЊЕ НА ШМИНКАТА

Секогаш отстранувајте ја шминката од очите пред спиење, за да не се разбудите наутро со отечени очи.

КОРЕКТОР

Осветлете ги темните кругови со коректор кој е посветол од вашиот тен. Ако подочниците се многу темни, бојата прво неутрализирајте ја со жолто тониран коректор. Ако круговите се кафени или жолтеникави, изберете коректор во праскова нијанса.

КОРИСТЕТЕ ЧЕТКА

Кремот за очи нанесувајте го со прсти. Но кога аплицирате коректор користете четка. Рамна, но цврста четка ќе го нанесе коректорот токму како што треба.

 

Текст: Фотографии: Thinkstock