1Едноставно почнете на средишниот дел на ноктот, без да се доближувате премногу до кутикулите и нанесете во едно
движење од избраниот лак за нокти. Нанесете со уште едно поминување со четкичката лак на надворешните делови на ноктот. Завршете така што со уште едно поминување, ќе нанесете и на другата страна на ноктот.
2 Додека чекате лакот да се исуши, нанесете прв слој и на другите нокти.
3 Потоа, нанесете втор слој, следејќи ги истите чекори како кога го нанесувавте првиот слој. Дозволете лакот потполно да се исуши пред да допирате некој предмет или да правите нешто друго.
И крајниот резултат е: долготраен лак во најмодернта нијанса!
ЕКСТРА СОВЕТ: За уште подолготрајно налакирани нокти, секогаш користе основа и завршен слој над лакот за нокти!