ГИ ПРЕКРИЕТЕ МОЗОЛЧИЊАТА
"Одберете пудра во нијанса која совршено му одговара на вашиот тен каде имате мозолчиња. Земете мала четка за пудра и нанесете со мали кружи движења за да го пририснете пигментот во кожата. Ова има дополнителна предност од подобрување на циркулацијата во таа област.“
"Откако нанесовте пудра, нанесете коректор. За мозолчиња, јас преферирам да користам течен коректор, го тапкам нежно врз мозолчето и оставам да се усиши околу 20 секунди. Потоа користам прсти или мала четка за коректор за да ја размачкам и изедначам бојата за максмално покривање. Доколку е потребно, ќе го повторам процесот неколку пати, ќе ставам повеќе слоеви од коректорот се додека мозолчето не исчезне потполно.
ОСВЕТЛУВАЊЕ НА БЕЗЖИВОТНАТА КОЖА
"Осветлувањето на безживотната кожа се фокусира на нагласување. Нанесете хајлајтер во "V-форма" која почнува над веѓата и завршува кај вашите јаболчници - течен или во прав - нема разлика каков производ користите. За целосен сјај, побарајте производи за нега на кожа кои содржат витамин Ц бидејќи ќе ја подобрат целосната циркулација."
”Осветлувањето на безживотната кожа се фокусира на нагласување."
"Кожата околу вашите очи е неверојатно деликатна, затоа користете лесен, кремаст коректор кој нема да ги нагласува тенките линии. Избегнувајте користење на тешки или производи во прав во оваа област."
"Ако вашите темни кругови се резултат на затегната кожа, подобрете ја циркулацијта со нежно тапкање под очите - ова ќе помогне да се отстранат сите непотребни течности и ќе ја намали темнината. Но ако темните кругови се знак на опуштеност или подуеност, нанесете освежувачки крем за очи за да го намалите отекувањето пред да нанесете коректор."