Избери ја твојата цел
Прво размисли кого сакаш да привлечеш. Дали човекот од твоите соништа што е секогаш опкружен од други луѓе каде и да оди? Или можеби сакаш да го привлечеш вниманието на присутните на бизнис-презентација? Без разлика кого сакаш да привлечеш, треба да останеш фокусирана на него.
Избери го вистинскиот момент
Можеби имаш само една шанса и сите знаеме дека првиот впечаток е најважен, затоа вистинскиот момент е клучен. Размисли кое може да биде најдоброто време или место за да го привлечеш неговото внимание. Постои само едно златно правило - колку порано толку подобро.
Искористи го тајното оружје
Се разбира дека треба да се облечеш впечатливо. Впечатливата облека, смелата шминка и големата самодоверба значително ќе ти помогнат. Сепак, понекогаш ти е потребно нешто посебно за да се истакнеш меѓу другите, како на пример моќен мирис. Особено ако тој мирис е тестиран и докажан дека го привлекува вниманието на мажите, како новата парфимирана тоалетна вода Magnetista.
Уживај во резултатите
Откако е завршена напорната работа и целото внимание е насочено кон тебе, сѐ што останува е да уживаш во вниманието и паметно да го искористиш! Тоа е вистинската убавина на храброста. Можеш да правиш што сакаш и со кого сакаш. Само треба прво да победиш во играта на привлечноста.