Жителите на Стокхолм ја разбираат вредноста и важноста на поддршката на нивните пријатели. Тие се цврсто лојални едни на други и знаат дека нивната сила лежи во поддршка и помагањето едни на други. Но, иако во последно време е тешко да се одржи физички контакт, постојат начини на кои можеме да ги одржиме пријателствата силни и без драгите прегратки. Едноставни пораки за да проверите како се, креирање идни планови или охрабрувајќи се меѓусебно да пробате нови работи во животот, се само некои од нашите совети.
1. Проверете како се
Можеби во моментот не е можна директна средба лице в лице или прегратка, но порака, покана или дури и рачно напишано писмо се дефинитивно добредојдени! Споделете спомени, прашајте за нивното мислење за вашиот нов изглед на шминка или едноставно прашајте како се. Малите нешта се важни кога станува збор за пријателство, а темите секогаш се наоѓаат лесно.
2. Планирајте ја иднината
Заедничките планови на кои можете однапред да им се радувате ќе ја зајакнат вашата врска. Можеби не можете веднаш да организирате големи собири или да патувате некаде далеку, но секогаш можете да сонувате за тоа. Кои егзотични дестинации отсекогаш сте сакале да ги посетите заедно? Зошто да не и испратите неколку фотографии или рецепти поврзани со таа дестинација за да можете да започнете со планирање на вашето патување долго пред да се качите во авионот.
3. Пробајте нов make-up изглед заедно
Ако веќе сте уморни од овој животен стил, зошто да не испробате нешто ново заедно? Можеби некогаш ви помагаше да ја пронајдете најдобрата маскара, па прашајте ја за совет за нова сенка за очи или, уште подобро, испробајте го целиот изглед заедно. Нашиот водич со упатства како да се нашминкате со Wonder Lash Маскара може да биде одличен почеток.
Затоа, не дозволувајте да стои растојанието помеѓу вас и вашите пријатели, испробајте ги нашите совети, поддржувајте се и радувајте се.