How to Store your Beauty Products

Сите производи за убавина имаат рок на траење. Без разлика дали тоа е маската или хидратантен крем, презервативите во вашиот производ престануваат да дејствуваат по одредено време. А вистината е деак вие очекувате вашите производи да траат - особено оние поскапите. Еве како соодветно да ги чувате за да не се расипат предвремено.

ТОПЛИНА И СОНЧЕВА СВЕТЛИНА 
Топлината и сонќевата светлина може да направат хемиска промена во составот на вашите производи која ќе влијае на нивното дејство, што може да доведе до создавање поволна средина за развој на бактерии. Некои состојки и производи се поподложни на промени предизвикани од високи температури од други, како на пример:

Екстрасензитивни производи и состојки:
• Производи што содржат витамин Ц (барајте ја состојката аскорбинска киселина)
• Кремови против стареење (барајте ја состојката ретинол)
• Производи против мозолчиња (барајте ја состојката бензоил пероксид)
• Производи за самопотемнување и избелувачи (барајте ја состојката ДХА)
• Сите производи без презервативи (се што е органско)

Средно сензитивни производи:
• Кармини (директна сончева светлинам може да ги стопи)
• Четки (можат да впијат влага и бактерии)
• Производи во форма на прав (УВ-зраците можат да ја оштетат пигментацијата и да ја избледат бојата)

Препорака:
• Ви препорачуваме овие поризводи да ги чувате на најниската полица подалеку од директната сончева светлина, пареа или затоплување.

ОКСИДИРАЊЕ 
Оксидацијата е хемиски процес што се случува кога формулата ќе дојде во контакт со воздухот. Ако вашата шминка или производите за нега на кожа оксидираат, тие ќе ја променат бојата, ќе се исусшат или ќе им се појават грутчиња - на кратко, нема да ја вршат својата функција.

Екстрасензитивни производи:
• Органски кремови 
• Серуми 
• Производи со заштите фактор  
• Природни масла
• Маскари и тушеви за очи
• Течна пудра 

Препорака:
• Секогаш затворајте ги шишенцата веднаш по користењето на производите и бидете посебно внимателни додека сте во бањата бидејќи пареата може да предизвика значително оштетување. 
• Секогаш мијте ги рацете пред нанесување за да избегнете да влезат бактерии во производот.
• Чувајте ги сензитивните производи на темни места (како црна платнена торбичка или во темни шишенца).

ЛАДНИ МЕСТА
За некои производи ниските температури можат да го успорат процесот на одвојување на клучните состојки и да направат да траат подолго. Чувањето во фрижидер може да го ограничи развојот на бактерии, но не може потполно да го спречи.

Производи кои треба привремено да ги чувате во фрижидер:
• Фини мириси (ако сакате да ги сочувате подолго од година)
• Лак за нокти (но нанесувајте го на собна температура)
• Сите производи без презервативи/Органски производи

Производи кои можете привремено да ги чувате во фрижидер:
• Хидратантни производи, кремови за очи, серуми и тоници (особено кога времето е топло!)

Препорака:
• Запомнете дека чувањето во фрижидер не значи сочувување на сите производи (доколку содржи презервативи најверојатно нема долг рок на траење).
• Треба да знаете дека производите за нега на кожа се направени да издржат нормални температурни производи, но не и долготрајно чување на топло или ладно место — па така, чувањето на производите во фрижидер подолг временски период всушност може да им ги намали рокот на траење и стабилноста.
• Кога производите се спакувани во тегли многу се поголеми шансте да имаат бактерии. Зошто? Затоа што ги нанесувате со прстите. Чувајте ги овие производи на ладно за да ги убиете бактериите.
• Запомнете дека се што не е храна, а го чувате во фрижидерот, треба да е добро заворено, не само поради безбедност, туку и поради хигиена.





Текст: Фотографии: Getty Images