Како да мирисате одлично во текот на целиот ден

Како мирисате е поврзано со вашата хигиена, исрана и навики, исто толку колку што е поврзано со парфемот што го носите. Ви подготвивме 8 совети за да бидете свежи од утро до вечер, од главата до петиците.

1. ВАШАТА КОЖА
Добро навлажнета кожа задржува парфем подобро од сувата кожа. Па затоа, по туширањето, кога порите се отворени, нанесете хидратантен лосион, а потоа и омиленот парфем.

2. ИСХРАНА 
Тоа што го јадете влијае на вашиот природен мирис и како парфемот реагира со вашата кожа. Некои храна изачини имаат тенденција да мирисаат посилно од други, додека пак, исхраната богата со свежи овошје и зеленчук и многу вода ќе остави многу помалку мирис. Алкохолот има мирис што долго се задржува на кожата, па ако сакате да мирисате одлично утре, прескокнете го пијалокот после работа денес. 

3. КОСА И СКАЛП
Секое влакно од косата е поврзано со потна жлезда што произведива масти. Колку е помасна косата, толку повеќе ќе прими мирис на чад од цигари или миризба од готвење. Редовното миење на косата со шампон и регенератор од средината надолу ќе го одржи убавиот мирис на вашата коса. А затоа што косата задржува мирис толку многу, таа е совршено место за шприцнување мирис.

 Bacteria on your skin breaks down sweat as it’s released from the pores on your feet 

4. ИНТИМНИ ОБЛАСТИ
Интимните делови на вашето тело треба да ги миете со пХ-балансиран сапун за да превенирате развој на бактерии што може да додедат до појава на непреијатен мирис и инфекции. Feminelle ее дерматолошки и гинеколошки тестирана колекција што може да се користи секојдневно за да бидете свежи и самоуверени.

5. ВАШИОТ СТИЛ
Перење на алиштата со вистинското количество прашок, чување подалеку од влажност и кујнски мириси и редовно чистење на машината за перење алишта помага го одржувате убавиот мирис на алиштата. Можете да ставите мала намирисана торбичка што ќе ги апсорбира непријатните мириси, а ќе има даде свеж мирис на алиштата во фиоките или во плакарот. За екстра-свежина, испрскајте малку парфем на алиштата - но никогаш на кожа, свила или други деликатни ткаенини на кои лесно остануваат дамки.

6. СВЕЖ ЗДИВ
Ако не ви четкате и чистите забите со конец секојдневно мали парчиња храна остануваат во вашата уста и поттикнуваат развон на бактерии што доведува до појава на непријатен здив. Храната со силен мирис и зачинетата храна се иста така виновници што редизвикуваат непријатен здив затоа што по нивното влегување во крвотокот, патуваат до белите дробови од каде излегуваат преку издишување - непријатниот мирис поминува откако храната ќе излезе од вашиот организам. Последнот совет - пијте многу вода бидејќи сувата уста исто така мириса непријатно.

7. БОСИ СТАПАЛА
Бактериите ја разградуваат потта што се создава на вашите стапала и тоа може да предизвика непријатен мирис. Иако е сосема природно, сепак не непријатно и засрамувачко. Изборете се со овој проблем така што ќе носите чорапи што им дозволуваат на стапалата да дишат и носете платнени или кожни чевли и менувајте ги секојдневно. Feet Up е еден од најдобро продаваните брендови што креира антиперспирантни дезодоранси и креми за стапала, како и производи за отстранување на грубата кожа склона кон создавање непријатна миризба.

8. ЗАВРШЕН ДОПИР
Парфемите имаат висока мирисна концентрација што значи дека имаат моќ да траат подолго од тоалетните води. Експертскиот совет е да нанесете на вашите пулсни точки а потоа да оставите да се исуши природно - доколку ги истриете зглобовите еден од друг само ќе направите мирисот да изветрее побрзо.

Текст: Фотографии: Getty Images